#Дел 2 Модни трендови за есен-зима 2014

од  |  0 коментари

На какви детали на модните парчиња да обрнеме внимание за да бидеме модерни оваа сезона?

Реси , реси, реси, реси на сите модни детали. Почнувајќи од џемпери, блузи, шалови, сукњи, елеци, чевли, чанти и палта ресите се враќаат оваа сезона есен-зима 2014 на голема врата. Достапни на сите модни парчиња, нема да погрешите доколку икорпорирате парче со реси во вашиот изглед. Особено истакнати се кимоната кои од летото се трансферираат во подинамични и шарени парчиња за оваа зимска сезона. А чизмите, се преферираат кратки над глуждови со некои интересни елементи како метални синџирчиња и реси.

SPRING-SUMMER-2013-FASHION-TRENDS-post05

 

 

Трендовите на накит се повторно висечки обетки и големи гердани со реси. Особено важен тренд за оваа сезона е само едната висечка обетка со која ќе му се даде посебен карактер на севкупниот вечерен изглед, и повотрно смелите висечки аксесоари со реси, метални синџирчиња, кристали и пердуви во смели бои. Особено значајни бои за аксесоари се темно-црвената боја, розевата, темно сината, портокалова и темно-зелената боја искомбинирани со златни или сребрени синџирчиња.

WED-tasseljewelry6-598x340

 

Крзнени јаки на кожни јакни– се огромен хит за оваа сезона. Доколку веќе имате од претходните сезони ви предлагаме да ја облечете, зошто повторно е во тренд.

dset49-l-610x610-jacket-fur-faux-fur-brown-cream-fluffy-fur-collar-collar-leather-black-leather-black-jacket-coat

 

Карирани фланел- кошули во сите бои, а најпреферабилни се со црвена, сина или гриава боја на кошули со поситни коцки.

4444 Долги плетени марами со реси кои наликуваат на наметки. Не само што со овој аксесоар ќе изгледате шик, притоа ќе ви биде и топло.

blanckets_2850005a

 

Доколку ви се допадна овој натпис, тогаш ве очекуваме во посета на нашиот сајт за #Дел 3 Модни Трендови за сезоната есен-зима 2014 …Наскоро…