Сапун или детергент, дали знаете што ставате врз вашата кожа?

од  |  0 коментари

Наредниот пат кога ќе купувате сапун обрнете внимание, погледнете ги етикетите, поголемиот дел од производите кои ќе ги пронајдете на полиците немаат ознака САПУН на нивната етикети. Наместо тоа може да пишува : beauty bars, moisturizing bars или body bars, но никаде не пишува сапун. Тоа е така затоа што всушност кога на производот кој го користите не пишува сапун тогаш се работи за детергент.

doveШто тоа означува?
Производителите ги отстрануваат сите добри состојки како глицерин (високо профитабилна супстанца која се продава на фирмите кои прават лосиони, кремови и други производи за кожа) кои се создаваат во процесот ги заменуваат со синтетички агенти и тешки хемикалии за да обезбедат помасовно добивање на поефтин производ  кој е  лош за вашата кожа.

Дали знаевте дека антибактериските и антимикробиалните  сапуни содржат triclosan, супстанца која во поголеми количини е токсична и може да предизвика рак. Според истражувачите оваа супстанца останува активна дури и 12 часа по користењето поради тоа што нашата кожа е порозна и абсорбентна. Таа аспорбира се што доаѓа до контакт со неа, а хроничната употреба на хемикалии ќе предизика вашето тело да ги апсорбира сите хемикалии со кои понатамошно ќе стапи во контакт зачувувајќи ги во мастите или мозокот, притоа со нивната акумулација токсините во телото креираат болести.

Парабените, презервативите и другите токсични супстанци достапни во козметиката, декоративната и козметиката за нега за тело и лице  се исто така токсични супстанци на кои мораме да внимаваме при купувањето.

sapun

Тогаш која е нашата алтернатива?

Целосно природен, рачно направен сапун.
Да, постојат големи компании кои продаваат рачно направена козметика и сапуни, разликата со останатите е што тие се богати со природни елементи кои се богати за вашата кожа.
Со користењето на органски сапун, можете потенцијално да ги избегнете или да ги редуцирате многуте чести проблеми со вашата кожа. Органските сапуни содржат состојки кои се произведуваат без користење на хербициди, хемиски ѓубрива или пестициди. Комерцијалните сапуни се тешки на обичнат кожа или лоши доколку станува збор за сензитивна кожа.
CIOCCOLATA
Какви состојки се користат во рачно направените сапуни?

Кога купувате сапун, прочитајте ги етикетите и состојките на производот и секогаш внимавајте да содржат што е можно помалку состојки, да содржат органски и природни конституенти.
Најчести органски состојки кои можат да се пронајдат кај природните и органските сапуни се следните:

  • Органско Алое
  • Органски овес
  • Органски пеперминт (мента)
  • Органски кактус
  • Маслиново масло
  • Козјо млеко
  • Див морков
  • Морска сол
  • Есенцијални масла
  • Семе од сончоглед
  • Роза
  • Глина
  • Шеа путер
  • Кокосово масло

Кои се бенефициите од користење на органските рачно направени сапуни?

  • Органските сапуни не се тестирани врз животни. Нивните состојки се испитани и се природни затоа и влијаат благо и ја смируваат сензитивната кожа и ги олеснуваат реакциите.
  • Природните и органските сапуни не предизвикуваат чувство на сувост која можете да ја осетите со комерцијалните сапуни.
  • Органските сапуни се направени од природни компании кои немаат ГМО компоненти.
  • Со користење на органски производи го намалувате ризикот од дејство на токсини во и врз  вашиот организам

Наша препорака се одличната линија на врвни Италијански рачно направени сапуни од светски познатиот бренд NESTI DANTE под застапништво на DEPILEVE.

Со традиција подолга од 60 години, со почетоци во далечната 1947-ма година во Фиренца, Италија, Нести Данте е една од ретките компании во светот која произведува висококвалитетни природни и органски сапуни добиени со класичен метод. Тоа е постапка на сапонификација која трае повеќе денови, со занаетчиски и рачен пристап. Се користат најквалитетни, комплетно природни сирови растителни масла, избирани со строга селекција за најдобар квалитет, што резултира со добивање на најквалитетни природни сапуни на пазарот, богати со висококвалитетни природни глицериди кои даваат омекнувачки ефект на кожата.
Неколкуте чекори на производство се под строга контрола на висококвалификувани кадри што резултира со постојан највисок квалитет на сапуните.

Сапуните на NESTI DANTE комплетно се природни, 100% биоразградливи и нетестирани на животниПовеќе информации за производите можете да најдете на нивната официјална фан страна.