Маска за посјајна, подолга и поздрава коса

од  |  0 коментари

Оштетена коса …Кошмар за секоја од нас..
Испукани врвови, кршливост, и изглед на стара ”исушена метла” како и што понекогаш умее да наликува недоволно негуваната коса се само резултат од спиење на неквалитетна перница, претерано користење на производи со топлина  (фенови, пегли, фигара, тостерки…) без претходна употреба на производ за заштита од топлина, третирање на косата со хемикалии, бланшеви и несоодветни производи.
На сувата коса потребни и се маслени продукти кои ќе и го вратат сјајот, цврстината и секако изгледот на живост на косата.
Еден од најдобрите производи за коса е органското кокосово масло. Можете да го пронајдете во скоро секоај аптека и продавница за здрава храна. Одлично е за косата, телото, лицето а доколку правите гаргара и потоа го плуката почесто ќе имате и побели заби и ќе ги исчитите гноевите на крајниците.

Но да се префрлиме на темата за која зборувавме – домашна маска за коса која дава сјај живост и го поттикнува растот на косата

Потребни состојки:
– 2 лажици кокосово масло
– 2 лажици мед
– пластична капа
– фен
– пешкир

maskaaaa
Загрејте го маслото и во него додадете го медот. Косата издувајте ја со топол воздух од фенот, напрскајте ја со малку вода  и започнете да ставате од маската започнувајќи од краевите па се до врвовите со масирање на секој прамен.
Совет : кокосовото масло најбрзо делува кога е затоплено и при топлина, а за да не ја измрси премногу вашата коса пред да го ставате ској пат испрскајте со шишенце со спреј пумпица малку вода врз вашата коса. Опфатете што е можно повеќе од површината на косата со маската и оставете ја да делува што е можно подолго препорачуваме од 45 мин до 1 час.
Кога ќе ја искориститете маската исчешлајте ја нежно косата со цел да ја распространите содржината од маската по должината на вашата коса. Издувајте ја косата 1 мин со топол воздух, ставете пластична капа за туширање и завиткајте ја косата со пешкир. Задржаната топлина ќе делува благотворно врз вашето влакно, а резултатите ќе ги согледате уште по првиот третман.
Препорачливо е косата да ја измиете со шампон и млака вода неколку пати (2 пати или 3 доколку има потреба) се додека мрснотијата во целост ја снема.
Оваа постапка правете ја барем еднаш на две недели но не повеќе од два пати неделно со цел да избегнете коса која се мрси.
Оваа постапка значајно влијае за добивање на здрава, црвста и долга коса 😀