Маски за лице за сува и масна кожа
Одржувањето на чистотата и негата на кожата може да биде вистински предизвик.
Да се има здрава кожа, мазно и негувано лице е сон на секоја жена, но и маж. Дерматолозите советуваат дека за да имате здрава кожа, првично морате да пиете доволно вода, секојдневно морате да ставате доволно крема за хидратација на вашето лице но и врз целото тело. Маските за лице се одличен начин на кој можете да ја освежите својата кожа и одлично би било тоа да ги правите околу 2 пати неделно.
Дали умеете да изберете маска според вашиот тип на кожа? Доколку не умеете, доволете ние да ве упатиме во процесот. Маските со кал се одлични за длабинско чистење на порите на вашето лице, ревитализација на кожата и враќање на природниот сјај на кожата.
Третман за масна кожа
За масна кожа, ви препорачуваме маска за длабинско чистење на лицето со – ARGAN OIL MUD .
Оваа маска е збогатена со Арганово масло за да помогне во балансирањето на масните регии и дробени Акаи бобинки кои се моќен антиоксидант и помагаат во заштитата на лицето.
Како да ја употребите оваа маска? Првично, исчистете го лицето со топла вода. Нанесете од маската. Легнете и релаксирате 15-20мин. се додека маската делува или додека се исуши. Исплакнете со топла вода.
Argan Oil Mud, Depileve Mak
Линк до производот
Третман за сува кожа
Маска со маслиново масло е одличен избор кога станува збор за нега и регенерација на лице на кое му е потребна длабинска хидратација. Наша препорака е хранливата каллива маска од ладно цедено Маслиново масло со која ќе добиете мека, мазна и потхранета кожа. Оваа Маска е составена од : маслиново масло, Ши путер, какао путер, Алое Вера, Витамин Е, а пред одличнo е што можете да ја намените и за било каков тип на кожа, без дополнително да ви ја измрси кожата, оставајќи ја мека и глатка со денови.
Начин на употреба: Исчистете го лицето со топла вода. Нанесете од маската рамномерен слој на лицето и вратот избегнувајќи ги очите и усните. Легнете и опуштете се 10-15мин. или додека не се исуши. Исплакнете со топла вода.
Virgin Olive
Линк до производот
Можеби не сте знаеле, меѓутоа за една маска направена дома да биде ефикасна, првично морате своето лице да го исчистите со млака вода или чај од камилица, кој е доста ефикасен за остранување на нечистотиите и црвенилата од неа, а притоа лицето да го избришете со мек, нежен пешкир. Откако маската ја нанесувате на вашето лице потребно е да чекате целосно да се исуши, за да ја извадите, а потоа повторно да го измиете лицето со вода. Доколку маската ја ставате навечер или денски, откако ќе завршите со процесот нанесете хранлив и квалитетен ноќен или дневен крем запроцесот да го завршите во целост.
Следењето на секој поединечен чекор е тајната во функционирањето на маските (покрај нивните хранливи состојки), не избегнувајте ниту еден од овие чекори, затоа што убавината е нешто што треба постојано и внимателно да се одржува и негува.