Маска за сјајна густа и подолга коса
Доколку ви е потребно брзо и ефикасно решение и начин за погуста, помека и подолга коса тогаш припреме те го следниот раствор…
Потребни состојки:
– 1 лажица бадемово масло
– 1 лажица кокосово масло
– 1 лажица рицинусово масло
– 1 шоља чај од мента
Состојките измешајте ги во еден сад со распрскувач и користете ги 1 час пред секое миење на косата барем 2 пати неделно (не се препорачува секој ден поради зголемените шанси за побрзо мрсење на косата).
Откако ќе ги измешате состојките, врз претходно сува исчешлана коса распрскајте од содржината добро се додека вашата коса не се чувствува по малку влажна. Вака наквасена косата издувајте ја со фен со средна топлина околу 10 минути и врзете ја во крпа.Оставете да отстои 30 минути до 1 час.
Топлината ги распоредува содржината на маслата длабински во самото влакно и го прави третманот да биде поефикасен.
Откако ќе ја извадите крпата измијте ја косата 2 пати со млака вода и шампон. Кога користите вакви состојки избегнувајте користење и на маска за коса,и наместо маска за коса користете кондиционер кој се препорачува за користење при секое миење, за разлика од маската која се препорачува 2-3 пати неделно (доколку ја миете косата секој ден).