Мед и млеко за опуштање

од  |  0 коментари

 

Осетете ја делотворноста на купката од млеко во Вашиот дом, брзо и лесно, со производи кои веќе ги имате, по советите на козметичарите.

За сува кожа – купка од мед и млеко за сува кожа ја храни и ја прави кожата мазна. Ензими на млекото кожата ја прават затегната, а мед ја регенерира и ја прави кожата сјајна и глатка.

Подготовка на купката: Во наполнета када додадете две литри топло полумасно млеко претходно измешано со 400 грама мед. По 30 минути по излегувањето од кадата не го мијте телото со вода, туку оставете да кожата ја впие хранливите состојки.

За детоксикација – купка од млеко од коза и морска сол за детоксикација ја забрзува циркулацијата и поттикнува исфрлувањето на штетните материи од организмот. Морската сол ја чисти кожата и поттикнува слабеење додека млекото од коза ја храни и смирува осетливата кожа.

Подготовка на купката: Во када полна со топла вода додадете 500 грама крупна морска сол, литар свежо млеко од коза и неколку капки етерско масло од лаванда кое ќе го неутрализира мирисот на млеко и дополнително ќе Ве опушти.

Во бела кафе – ова е специфична купка за уживање на сите сетила и многу е делотворна во борбата против целулит. Кофеин е одличен антиоксиданс, го стимулира нервниот систем, влијае на добро расположение и подигнува нивото на енергија. Млеко богато со витамини А и Е ја храни Вашата кожа. Пожелно е пред купката да направите пилинг на телото со свежо сомелено кафе.

Подготовка на купката: Во полната када со топла вода додадете литар полномасно млеко збогатено со витамини во кое претходно измешавте пет супени лажици свежо мелено кафе.

Задолжителен пилинг – препорака е да пред секоја купка се направи пилинг на телото за да состојките од купката полесно делуваат на подлабоките слоеви на кожата. Тоа можете да направете на едноставен начин со мешањето на децилитар бадемово, маслиново или масло од кантарион со една до две супени лажици морска сол, пченкарно брашно или  свежо сомелено кафе.