Масажа со мед и портокал

од  |  0 коментари

Масажа со мед и портокал, поред тоа што овозможува вистинско уживање, исто така е добра за намалување на тежината и подобро снабдување на мускулите и кожата со кислород и хранливи материи. Така кожата станува мазна и еластична, свиленкаста, поткожните нерамнини се измазнети. Се подобрува општата состојба на организмот и расположението. Како што е познато, единствено лековито својство на медот познато е од секогаш. Мед содржи витамини Ц, А1 и А2 во одредени мери ензими, киселини, амино – киселини, ароматични материи. Мед содржи бакар, калциум и калиум, магнезиум, манган, никал, сребро, натриум, фосфор и сумпор.

Природен пилинг

Масажата почнува така се на чиста кожа нанесува портокал, која служи како подлога за нанесување малку стоплен ливадски мед. Со одредени движења се стимулираат епидермален слој на кожата, провоцирајќи го природниот пилинг. Како медот се згрутчува, се повеќе од подлогата се одвојува поткожното ткиво, мускулните опни и самите мускули. Лековитоста на медот открија руските народни лекари, применувајќи го во процесот на масажа за подобрување на циркулацијата, опуштање, подвижување на лимфата и санирањето на отоците. Сето тоа во служба на нега на телото и зачувување на убавината. Поред ефекти кои се во исто време вакумски масажи, медот ја храни кожата, делува како антисептик и влијае на зајакнување на имунитетот. А како е кожата нежна, блескава и затегната, тоа веќе треба да почувствувате. Кожата после масажа добива фин, блескав изглед. Масажа со мед и портокал ја забрзува циркулацијата, телото е повеќе издржливо за секој напор а би требало да се спомни и релаксирачки, антстрес ефект.

Масажа со мед

Што е тајна на ова чудотворна масажа? Мед ги впива токсините и потикнува нивното брзо исфрлување од организмот. Таква масажа е добра за зголемување на лимфата и чистење на кожата. Многу е ефектна во борба против целулит, додека во исто време ја храни кожата и исфрлува токсини. Поред тоа, мед заедно со масажа го забрзува крвотокот во кожата и мускулите. Состојбата на кожата после таква масажа се подобрува, таа станува мазна и нежна.

Зошто е медот добар?

Поради содржината на ферментите, мед е слиќен на човечката крв и затоа нашиот организам совршено го прифаќа. Содржи млечна, оксална, винска и лимонска киселина, како и цела палета на корисни витамини, микроелементи и минерали. Сто грама мед содржи 300 калории, па можеме успешно да го јадеме и оние денови кога сме на диета или кога сакаме да го смениме начинот на исхраната.

За подобар изглед на кожата:

Единствени благодети на масажата со мед вклучува:

  • Намалување на целулитот
  • Подобрување на циркулацијата на крвта во длабоките слоеви на кожата.
  • Брзо обновување на мускулниот тонус
  • Убав изглед на кожата
  • Подобрување на внатрешното ткиво
  • За подобар сон и имунитет

Масажа со мед и портокал како превентивен третман се препорачува кај:

  • Главоболка
  • Пореметување на сонот
  • Интелектуална и физичка исцрпеност
  • Психосоматски заболувања
  • Ослабен имунитет