Модерни трпезариски маси

од  |  0 коментари

Во модерните ентериери, уредени во технички стил, ќе преовладува минималистички дизајн и строги линии на мебел. Материјалите карактеристични за ваков тип на уредување се стакло и метал, бидејќи тие го прават ентериерот современ и просторен, па поради тоа се погодни за простор со мала квадратура.

Иако стаклото се смета за осетлив и ладен материјал, многу е популарно при опремување на ентериерот заради таа транспарентност и многубројните можности за обработка и обликување. Стаклената плоча од масата поедноставна е за одржување, а неговата транспарентност просторот го прави елегантен. Вакви типови на маси се изработуваат од термички обработено стакло, што е поотпорно на удар и кршење и 10 пати е поцврсто од обичното, па нема потреба од никаков страв дека ќе се скрши или оштети.

Во технолошкиот стил на уредување, столиците се потполно пластични или се комбинираат со метални ногарки, а доколку сакаме да внесеме  неколку ноти на топлина, тоа ќе го постигнеме со столици обложени со ткаенина или меки кожни седишта. Посебна визуелна глетка обезбедуваат столиците од техно-полимер кои со својата релјефна структура создаваат впечаток за транспарентност на водата и нејзините концентрични кругови.

Тие што се склони на класика, можеби ќе се одлучат на раскошна, елегантна маса о дрво, како масивна ореова или егзотична од афричко дрво wenge, карактеристично за трпезарија уредена во глобален стил. Бидејќи природноста и топлината се главни карактеристики на дрвото, просторот ќе стане попријатен и пожив. Столиците од дрво најчесто се тапацирани и во склад со бојата на масата.

Дизајнот на трпезаријата или боите добро би било да се во склад со другите елементи во просторот – комода во која стои приборот за јадење и полици за чаши. Така кујната и трпезаријата ќе се поврзат во една складна целина, посебно ако тие два простори меѓусебно се надоврзуваат.

При избор на маса за трпезарија секако треба да се размисли и за големината на просторијата во која ја сместуваме. Дизајнерите за мебел пристапија кон таа проблематија, и дојдоа до едно практично решение, па сега скоро секоја маса има можност за склопување и расклопување, односно да ја зголемите по потреба.

Тоа е можно благодарение на лизгачкиот систем со развлекување, па така наменетата маса за шест лица со извлекување на скриениот дел ќе стане доволно голема и пространа за дванаесет лица. Масите може да се развлекуваат  на различни начини, без разлика на материјалот од кој се направени. Може да се извлече едната страна на масата при што автоматски ќе се извлекува и другата, или секоја страна можеме да ја извлекуваме посебно.

Термички обработеното стакло може да биде потполно транспарентно, со видлив лизгачки систем или обоено во боја по избор, со што системот за развлекување ќе биде прикриен.

Од масите на четири ногарки, попрактични се оние со една централна, правилни линии или необичен дизајн и облик. За да не се наруши естетиката и функционалноста на просторот, димензиите на масата треба да се прилагодат на големината на трпезаријата. Добро е да оставите барем 90 сантиметри слободен простор помеѓу масата и ѕидот, за седењето на столот и движењето околу масата ви биде лесно и удобно.

На крај трпезариската маса треба да се дополни со трпезариски прибор за јадење и да се украси со сеќник, цвеќе и други декорации. Па, одморот на масата и уживањето во кулинарските рецепти и традиционална храна можат да почнат!