Убава и безбедна детска соба

од  |  0 коментари

Бидете спремни на тоа дека децата брзо го менуваат мислењето, а поради тоа најдобро е големиот мебел како што е креветот, ормарот и работната маса, да изберете во боја на дрво кој ќе одговара на секоја боја. Така, доколку Вашето дете посака да се смени некоја нијанса во собата, ќе биде сосема доволно да земете нови пердиња, постелнина или тепих, како и собата да ја разубавите со нова ламба или слика и на тој начин детската соба ќе добие потполно нов изглед.

Кутии за играчки – имајте во предвид дека децата ги збираат играчките, па би требало да им обезбедите место за играчките. Купувајте пластични кутии со весели бои во кои децата сами ќе ги оставаат играчките. Трудете се да орманите и полиците бидат достапни за децата. Изборот на работната маса е посебна приказна бидејќи тој мора да има доволно фиоки за книгите, тетратки, прибор и дополнителна опрема.

Осветлувањето е важно – не заборавајте дека децата најмногу време поминуваат во нивната соба, а таа пред се треба да биде безбедна. Поради тоа избегнувајте ги ниските полици на кои можат лесно да се искачат, и се она со што детето би можело да се повреди не треба ни да се наоѓа во собата. Она што треба да се истакне е дека близината на родителската соба им дава на децата чувство на сигурност. Исто така собата треба да биде доволно осветлена. Работната маса би требало да се наоѓа во близина на прозорците, за да детето има доволно дневна светлост. Обезбедете и ламба за вечерна работа. Не заборавајте дека на децата им е потребно светло. Во спротивно, премногу ќе ги напрегаат очите, а последиците ќе ги почувствуваат покасно. Она што е најбитно е да се советувате со стручњаците кои ќе Ви поможат да создадете убаво и мирно катче за Вашите најмили.