Модни правила кои не смеете да ги прекршите

од  |  0 коментари

Додека повеќето модни правила се досадни и премногу стари за да бидат почитувани, неколку од нив го положиле тестот на времето. Се фокусираме на неколку од тие „не-кршливи“ правила кои треба да ги знае секој од нас кој сака да изгледа и да се чувствува добро.

1.Не го менувајте својот стил според модата

На прсти се бројат луѓето во светот кои можат да си дозволат постојано да ја менуваат својата гардероба според моменталниот тренд. Тоа е една работа, но не и најважна зашто не треба слепо да го следиме секој моден тренд. Секој од нас има сопствен, препознатлив стил кој е само негов. Тој стил треба да се освежува, но да се задржи. Ако некое парче е модерно, не значи дека мора да ви се допаѓа и да се вклопува во вашата гардероба!

2.Инвестирајте во класични парчиња кои никогаш нема да излезат од мода

Ова и минатото правило никогаш не одат едно без друго. Правилото е многу едноставно и секој од нас треба да го почитува – не инвестирајте во нешто што планирате да го носите само една сезона. Доколку сакате да имате некое повредно и поскапо парче, нека биде тоа парчето кое никогаш нема да излезе од мода – бела кошула, црни потпетици, фармерки…

f48d556174032ca46e42c6bacc986991

3. Секоја девојка треба да поседува бар едно црно здолниште, секое момче – црно сако

Едноставното црно здолниште е парчето кое може да се искомбинира на милион начини и е неопходно да го има секоја девојка. Тоа е лесно за комбинирање, без разлика дали треба да се направи посвечена комбинација, комбинација за вечерно излегување или за дневна шема (искомбинирано со рамни чевли и џемперче). Тоа што ова здолниште е во гардеробата на девојките, кај момчињата е црното сако. Сакото е прекрасно парче, без разлика дали е искомбинирано со кошула и кравата или пак со фармерки и интересна маичка со кратки ракави.

3-10-modni-pravila-koi-ne-treba-da-gi-prekrshite-www.kafepauza.mk_

4. Никогаш не носете бела облека на туѓа венчавка

Едно од најстарите модни правила кое секој од нас го знае. Постојат повеќе причини зашто ова правило се почитува толку време. Носењето бела облека на туѓа венчавка ќе направи невестата да се чувствува неубаво – тоа е нејзиниот посебен ден! Бидете добар пријател и гостин. Колку добро и да ви прилега белата боја, не е неопходно да ја носите баш тој ден од годината.

5. На работа е секогаш подобро да сте подотерани одошто треба, отколку помалку

Иако премногу дотерување за на работното место може понекогаш да направи да се чувствувате неудобно, секогаш е подобра опција отколку одењето на работа несредени. Вашата грижа за изгледот и среденоста кажува многу за вас и вашиот однос и кон други работи во животот. Што е најлошото што може да се случи? – Да изгледате премногу добро, а тоа секој ќе се сложи дека не е некој проблем.

working-gal-swag

6. Доколку не се чувствувате удобно во нешто – не го носете!

Целта на облеката која ја избирате и вашиот стил е да направат да се чувствувате убаво и удобно. Под удобно, покрај физички удобно, се мисли и на тоа дека некое парче треба да ви е и психички удобно за да изгледате одлично во него. Ако облеката која ја носите не ја сакате и не ви се допаѓа, тогаш не ја носете! За да изгледате убаво во очите на другите, треба да бидете сигурни во комбинацијата која сте ја направиле. Доколку не ви се допаѓа тоа што го носите дента – изразот на вашиот лик ќе се промени, начинот на кој се движите, вашиот од, вашата самодоверба ќе биде на пониско ниво и постојано ќе мислите на облеката.

7. Бидете сигурни и реални во изборот на нови парчиња

Кога ќе посегнете по некое парче во продавницата, секогаш, секогаш пред да го купите истото, прашајте се себеси дали имате со што да го носите и дали добро ќе се вклопи во вашата гардероба? При купувањето облека следете го „правилото на тројката“ – доколку немате 3 различни комбинации на ум кои можете да ги направите со тоа парче, бидете реални и не ги давајте своите пари за џабе!

budgetfashion

8. Важно е како го носите, не што носите

Најважното и најповторуваното правило од сите – облеката што ја носите, носете ја со сигурност и гордост. Како што веќе спомнавме, вашата самодоверба и начинот на кој се гледате себеси, ќе диктира како луѓето ќе гледаат на вас. Доколку многу ви се допаѓа некое невообичаено парче (накит, чевли, јакна…) заради кое мислите дека луѓето чудно ќе ве гледаат и никој друг околу вас нема слично, носете го! Сè додека тоа го правите со гордост и исполнети со самодоверба, тоа ќе ве обележи како личност со стил и ќе ве направи да се чувствувате и изгледате посебно!

girls-girls-girls-sexy-at-work-580x449