Модни трендови за сезона есен/зима 2014 #Дел 1

од  |  0 коментари

Дали сте следбеник на најновите модни трендови?

Ние денес ви нудиме можност за да видите дел од  трендовите  кои модните дизајнери ви ги понудија за оваа сезона есен/зима  – 2014/2015.   Оваа сезона ќе биде сезона на бои и нагласен волумен на облеката.

Lady in Red: ставете им свој сопствен печат на овие модни избори на познатите модни куќи кои ве советуваат да облечете црвена боја , било да е  винска или силна црвена боја нема да згрешите за оваа есен и зима. Црвената боја ќе биде популарна на се,  од  фустани со длабоки деколтеа,  па се до зимски палта со асиметрични патенти и копчиња.

Пастелните бои и волуменозните зимски палта ќе бидат огромен хит за оваа сезона. Познатите дизајнери најмногу ги преферираа розевкастите, кремовите и нежно- сините тонови. Овие парчиња ќе и дадат елеганција на вашата комбинација, било да се работи за денска или вечерна комбинација вие ќе се чувствувате екстравагантно носејќи ги. Розевата боја се враќа на големо, дали би сте се осмелиле да ја носите, а да не се чувствувате како да носите Hello kitty гардероба ?

Кожните детали и деталите од крзно остануваат во тренд и за оваа сезона, а новитет се металик елементите, било во сребрена, златна, бакарно-златна боја или светки и елементи со сјај. 

Доколку сакате да бидете забележани изберете војничко- зелена или црвена боја за кожните парчиња, а за крзното модните гуруа советуваат крзво во сите бои.

Панталони и сако, во стилот на класичен костим за на работа. Излезете од дома униформирани во софистициран изглед, меѓутоа ве советуваме да  одберете модел и боја во која ќе се чувствувате најудобно и која ќе ви седи најмногу вам. Наместо црна класична комбинација, наш избор се темно сината, маслинестата и рубин-црвената боја.

Оваа сезона е сезона на волумен. Од долги широки кошули до волуменозни плетени блузи и шалови, се е во знакот на волуменот.

Сепак потребно е да знаете дека не секогаш она што е најмодерно на секого убаво му прилега. Изберете нешто што вам совршено ви одговара и стои, искористете некои од советите и бидете трендовски облечени оваа сезона.

Погледнете ја галеријата на актуелни трендови кои познатите дизајнери ви ги нудат. Кој стил најмногу ви се допаѓа?

За  #Дел 2 модни совети од  Живот и Стил, посетете го нашиот сајт повторно… will continue…Наскоро