Мода 2014: задолжителен џинс за летните денови

од  |  0 коментари

Лесен за комбинирање и секојдневното облекување, фармерското ова сезона ни пристигнува во нови модели и бледи нијанси кои одлично се вклопуваат со лесните и цветните материјали …

Како специфичен моден феномен, со интересна приказна за влегувањето во светскиот тренд на облекување, џинсот секоја сезона е добредојден и прифатен.

Впрочем, без оглед на Вашите години – дали навистина можете да го замислите Вашиот плакар без ваков моден детаљ? Бидејќи е неутрален и лесно се комбинира со останатата гардероба, џинсот е практичен за секојдневниот живот и лесно ги разрешува сите модни дилеми.

Сигурно многу пати досега сте слушнале до сега дека ништо не изгледа така едноставно и така елегантно како добри фармерки, со класичната бела кошула и сандали или рамни чевли.