Морска сол- тајна состојка за совршена кожа!

од  |  0 коментари

Дали знаете како морската сол може да ви ја направи кожата совршена?

Нашето тело содржи иста концентрација минерали и хранливи материи како и морската сол, па и не е чудно што таа е природен сојузник за баланс,заштита и обновување на  нашата кожата.

Една од главните разлики меѓу морската сол и обичните соли (кој што се наоѓаат во нашиот организам) е нивното ниво на минерали која што морската сол ги содржи. Такви минерали се: калциум,магнезиум,железо кои што им се потребни на нашиот организам и играат главна улога за здрава кожа.

Ете како се можете да ја користите морската сол за вашата кожа да биде совршена.

images (1)

Маска за заштита

Комбинирајте морска сол и мед кои што имаат анти-инфламаторни својства,ја смируваат кожата и ги корегираат сите неправилности на вашата кожа.Оваа маска служи за враќање на влажност на вашата кожа и контролирање на маснотиите на кожата. Помешајте две кафени лажици сол и четири лажици мед, нанесете на кожата и оставете да поседи некои 10-тина минутки, па потоа исплакнете.

Маска за чистење на порите

Солта продира длабоко во порите, ги балансира маснотиите и ги уништува бактериите кои што можат да предизвикаат појава на акни. Помешајте една лажица сол во чаша вода. Оставете да се истопи солта, па потоа ставете ја  течноста во шише со распрскувач и еднаш дневно попрскајте го вашето лице.

images

Пилинг за тело

Солта е природна состојка која што најдобро знае да ги чисти мртвите клетки од кожата.Исто така со помош на минералите ја омекнува и истовремено ја хидрира кожата.Помешајте четвртина шолја сол, со иста количина маслиново масло и направете густа смеса во вид на паста. Ставете на дланките и нежно протријте по саканата површина. Оставете да постои, па потоа исплакнете со топла вода.

Релаксирачка купка

Солта  има моќ да ја апсорбира цела нечистотија и длабински да ги чисти порите. Минералите кои што ги содржи ја обновуваат заштитната бариера и ја задржуваат влагата. Додадете пола шолја сол во топла купка, а потоа опуштете се во неа 15 до 30 минути.

download