Едипсос – термалните бањи заедно со морето, совршено место за одмор

од  |  0 коментари

Едипсос, бисерот на Егејот, позната бања уште од Античкиот период се наога на островот Евиа. Едипсос или Лутра Едипсос е најпозната и воедно најстарата бања во Грчка. Карактеристична е по комбинација на термалните води. Едипсос се спомнува во делата на грчкиот филозоф Аристотел. Во римскиот период ги лекувала и римските императори Хадријан, Септимие Север и Марко Аурелије. Од тој период познати се и римските купатила – Сила. Бањата ја урнал византискиот император Теодосије. Денес градот има десет илјада жители, 198 хотели од што 18 имаат спа програма.

Термалните води во Едипсос се влеват директно во морето со температура од 34 до 70 степени. Едипсос е убаво развиено туристичко место кое нуди добро сместување, кафулиња, ресторани … Фактот дека градот живее и во лето и во зима го прави идеално за посетување во текот на целата сезона.

Наликува на Ница и сличните места на Азурната обала поради својата архитектура и шарм. Местото обилува со многубројни таверни и ресторани. Тука се и зелените пазари со приступачни цени и секогаш свежи производи. За деца, бањата нуди преубави паркови за играње.

Едипсос е окружен со ридови така да и во најтоплиот период е пријатно да се прошета поред морската обала. Морето е кристално чисто, а плажата песковита. Природата и чистото море ќе Ве остави без здив и затоа бања заедно со морето е совршено место за одмор!    .

Пристигнувањето до островот Евиа е едноставно, од Солун и северна грчка одете по автопат Солун-Атина, па по поминати 250 километри доаѓате до лучкиот град Глифа, од каде што со траект се преминува до Агиокампос, од таму Едипсос е одалечен 20 километри.