Најголемата индиска тајна за добивање на густа и сјајна коса

од  |  0 коментари

Во денешниот блог пост би сакале со вас да споделиме 2 од најефективните тајни кои може да ви помогнат при намалување на губењето на косата како и нејзино зацврстување и побрз раст.
Индијките познати се долгите, густи сјајни коси, долги трепки и густи веѓи.
Која е нивната тајна?
Користењето на природни состојки кои можете да ги пронајдете и во вашата кујна.

Ова се два рецепти кои ќе ви помогнат за зацврстувањ и раст на вашата коса.

Прв рецепт

За овој рецепт за раст ќе ви биде потребно

  • 4 лажици сок од кромид

За да го припремите сокот од кромид едноставно изблендирајте кромид и со цедалка остранете ја пулпата од сокот. 

  • Јогурт 2 лажици
  1. Измешајте ги двете состојки во еден сад
  2. Нанесете ја маската на косата
  3. Оставете ја да остои 1 час
  4. Шампонирајте ја косата и нанесете кондиционер
  5. Повторувајте ја постапката барем 1 неделно

Втор рецепт

За овој рецепт за маска за раст на коса потребно ќе ви е

  • сок од кромид
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица бадемово масло
  • 1 лажица ореово масло
  1. Измешајте ги состојките
  2. Измасирајте го скалпот убаво да навлезат состојките и нанесете на преостанатиот дел од косата
  3. Оставете да остои 2 часа
  4. Шампонирајте 2 пати и измијте со кондиционер

    Сокот од кромид го потттикнува растот на косата, со масирање на скалпот со овој сок се поттикнува циркулацијата околу фоликулите на валкното а со тоа се стимулира и растот на влакното.
    Овој сок иако знае да мириса доста, со првото шампонирање мирисот ќе го снема.