Најголемите грешки во шминкањето

од  |  0 коментари

Шминката можи да Ве подмлади за 10 години, а можи исто така да Ви додаде уште толку. Светкавите сенки се модерни, но ги истакнуваат брчките, ајлајнер е хит, но ги спушта очните капци, темното руменило е шик, но кога ќе го нанесете образите делуваат како да имате алергија. Затоа драги дами не ја пратете по секоја цена модата, туку гледајте што Ви седи добро. Шминката е тука да Ве направи поубави, а не да ве упропасти. Гледајќи ги рекламите каде се рекламираат многу млади и во фотошоп до совршенство обработени манекенки, голем број на жени се обидуваат да го практикуваат стилот на шминкање од рекламите, па добиваат погрешен ефект, ненамерно ќе ги истакнат недостатоците и си додаваат години.

Тежок пудер – дебел слој на тешка течна пудра за две-три нијанси потемна од Вашиот тен, па преку тоа пудра во прав и нема таа девојка која нема да се претвори во баба. Ако уште под очите ставите светол коректор за да ги замаскирате подочниците, потполно ќе се упропастите. Значи доколку имате некој недостаток на кожата, па ви треба течна пудра, одберете лесена, хидратантна кој ја одбива светлината и ги прави брчките помалку забележителни. Можи да биде за една нијанса потемен од вашиот тен, што важи и за Вашиот коректор.

Кафеаво руменило – кафеаво руменило жените многу го сакат, бидејќи мислат дека така ќе изгледаат сончано. Тоа е голема грешка. Жените со пополни образи секогаш изгледаат помладо, а жените кои се послаби во образите изгледаат уморно и постаро. Темно, мат руменило одзема волумен на образите па лицето делува осушено. Светкаво руменило во розова нијанса и боја на праска му дава на лицето поголема свежина и поголем волумен.

Темен кармин – Доколку на усните имате многу линии, никогаш не ги цртајте со молив и не ги мачкајте со силни и мат кармини. Тоа само ќе ги нагласи неправилните контури. Изберете ги транспарентните кармини во боја на месо или корал, а вишокот тргнете го така што на усните ќе ставете папирно марамче. Преку карминот ставете светкав сјај за усни. И не заборавајте да се насмеете, насмевката е дефинитивно најефикасна средство за подмладување.

Внимавајте на веѓите – ако претерате со кубењето и многу ги истанчите, ќе изгледате многу постаро и неуредно. Убаво обликувајте ги така да изгледаат природно. Ако ги цртате со молив, работете тоа со молив во боја на вашата коса.

Јаки сенки – очите никогаш не ги нагласувајте со јаки сенки и со масни светкави сенки. Ваквата текстура дава не убав ефект. Масните сенки влегуваат во порите и во брчките, па со самото тоа изгледаат подлабоки. Ниту мат сенки не се идеални. Најдобар избор се хидратантна и крем сенки.

Црн ајлајнер – темни и остри линии ја нагласуваат  опустената кожа. Затоа наместо ајлајнер користете мек креон, кој додатно ќе го премачкате како би добиле поубав ефект. Ако имате ситни очи, изберете креон во боја на слоновача или бледо розова, а доколку нема потреба визуелно да го зголемувате окото, можете да користете кафеава сенка.