Пилинг за цело тело

од  |  0 коментари

Пред да започнете да ги користете различни козметички препарати, маски, помади, лосиони, направете добар пилинг. Со овој третман кожа ќе биде длабински исчистена и така ќе го подобри ефектот на другите производи за нега. Пилинг применувајте најмногу два пати во неделата, а кога ќе го направете третманот задолжително измијте го лицето, истуширајте се и намачкајте ја кожа со соодветна крема или со млеко за тело. Овој препарат за нега можете да направете и Вие од состојките кои можете да најдете во Вашата кујна.

Еве неколку предлози коj што можат да послужат за лице и тело

Пилинг со бадем – во сад измешајте две лажици бадем, две лажици млеко или павлака и лажица мед. Добро измешајте ги состојките и нанесувајте на кожата.

Пилинг со кафе – пилинг од кафе намалува целулит, подобрува циркулација и ја прави кожата поцврста и посјајна. Во еден сад ставете една шолја мелено кафе, пола шолја жолт шеќер, децилитар млеко и три лажици маслиново масло. Сите состојки добро измешајте. Потоа истуширајте се, нанесете од пилингот на тело и полека масирајте се неколку минути.

Пилинг со цимет – измешајте мала шолја со жолт шеќер, две лажици цимет, две- три лажици масло од соја и две лажици млеко. Кога ќе ја добиете смесата ставајте ја на кожата.

Пилинг со авокадо – за овој пилинг потребно е пола шолја масло од авокадо, пола шолја сол и две до три лажици мед. Сето тоа добро измешајте и масирајте ја кожата со кружните движења.

Пилинг со маслиново масло – овој пилинг е нај едноставен за правење, а многу е делотворен. Измешајте мала шолја крупна морска сол, пола шолја маслиново масло и додадете неколку капки етерично масло по желба.