Направи сам: Домашен сапун со мирис на ванила и кафе

од  |  0 коментари

Со цел избегнување на ракување со  штетни состојки ние испорбавме да направиме природен домашен сапун на полесниот начин кој веруваме дека и вие успешно ќе го совладате.

Потребни алатки :
– тенџере со подебело дно
– дрвена или силиконска спатула
– силиконски калап за колачиња

Потребни состојки:
– 2 големи бебешки сапуни ситно изрендани
– 30 ml дестилирана вода
– екстракт или стапче од ванила
– 1 лажица кокосово масло
– стапче од цимет и грубо измелено кафе
– лажичка хималајска сол

Подготовка: 
1. Процесот на креирање на сапунот се креира преку топење во тенџерето на средна температура
2.Првично се додава сапунот во тенџерето и константно се меша додека комплетно се стопи
sapun
3. Кога сапунот ќе се стопи додадете ја водата
4. Константно мешајте
5. Додадете го кокосовото масло и содржината од стапчето од ванила
6. Кога ќе се хомогенизира содржината за крај се додаваат цветовите, циметот, и хималајската сол
7. Додека е топол сапунот се истура во силиконскиот калап
8. Сапунот е потребно да се остави да се исуши комплетно неколку дена до една седмица
9. Сапунот се сече со рачна пиличка или долг нож за филети
10. Направените барови сапун се складираат во кеси

При секое користење сапунот поради подолго траење да се избриши со крпа.