СТРИИ??? КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ И ЗА НИВ

од  |  0 коментари

Стриите се чест дефект на кожата кој се јавува кај секоја прва или втора жена, а статистичките податоци покажуваат нивна појава уште од 13 годишна возраст.

Стриите се лезии на кожата и представуваат видлив резултат на прекинот на колагенските и еластинските мрежи во кожата. Најчесто се појавуваат на контурите на телото т.е. масните површини или на зоните каде што кожата е најмногу истегната и тоа: гради, абдомен, бутови итн. Нивната боја со текот на времето се менува од црвена или слабо виолетова до бисерно бела.

Основните причини за појавата на стриите се хормонскиот дисбаланс и локално истегнување на ткивото. Секако во текот на животот постојат состојби во кои можноста за појава на стрии е најголема, такви се пубертетот каде се испреплетени хормонските фактори, брзите морфолошки промени, развојот на мускулната маса и брзото згомеување на телесната тежина и висина и бременоста период каде е присутен  хормонски дисбаланс и силно истегнување на кожата.

Медицинските стручнаци и фармацевтската индустрија долго време истражуваа методи и препарати за остранување на стриите. Но, сепак последниот одговор го даде современата Anti Aging Медицина. Третирањето се базира на комбирани методи и техники за комплетна регенерација на кожата и обновување на фибробрастите кој се одговорни за синтетизирање на нова еластинска и колагенска мрежа. Комбинацијата на Derma Roller-от и современи козметички третмани за стрии е вистинското решение на овој естетски проблем.

Derma Roller представува техника со која се стимулира создавање на фактори на раст во кожата со што се создава ново кожно ткиво. Новосоздадената кожа се подхранува со серумски коктели на францускиот бренд COLLIN Paris кои што потикнуваат пак создавање на фибробласти. Така новосоздадената кожа е мазна, нежна и повторно еластична. Овие третмани се прават еднаш неделно и потребно е да се направат 8-10 терапии.

Со цел да се зачува еластичноста и црстината на оваа кожа потребна е продолжена терапија со Morpho Body Strech Marks Concentrat – Конценттрат за стрии, производ на францускиот бренд COLLIN Paris. Овој производ е на природна основа и содржи проверени и докажани состојки кои можат да се  користат во бременост и доење.

Како да се намали ризикот од појава на стрии?

Основна превенција од појава на стрии предсатавува интензивна хидратација со што ќе се овозможи одржување на активноста на фибробластите и еластичноста на кожата. За таа цел неопходно а примена на виско квалитетни и докажани призводи за хидратација и стимулатори на фибробласти. Особено важна е примената на високо квалитетни производи за стрии и превенција од стрии во периодот на пубертет и бременост.

Наша препорака:

Секојдневна примена на COLLIN Paris – Beauty Hydrating Fluid – Хидрантно млеко за тело

Во бременост и пубертет превентивно и тераписки COLLIN Paris – Morpho Body Strech Marks Concentrat – Концентрат за стрии