Негувајте ги трепките

од  |  0 коментари

И трепките и веѓите треба да ги негувате, за да Ви бидат густи, сјајни, здрави а и погледот да ви биде убав. Еве неколку совети за правилна нега.

Прво обликување на веѓите е најубаво да му препуштите на козметичарот за да не се случи премногу да ги истанчите или нееднакво да ги обликувате. Кога сами ќе ги кубите веѓите, важно е да ги искубите само оние влакна кои растат под линијата на веѓите, поточно оние кои излегува од линијата.

И на веѓите им е потребна секојдневната нега. Доколку сакате да бидат поцврсти и погусти намачкајте ги со масло од рицинус. Долготрајното користење на шминка и остатоците од шминка го оштетува коренот на трепките. Затоа стануваат слаби и паѓаат.

Сенката извадете ја од очите со млеко за чистење, а маскарата со посебно средство за незиното вадење или со масло за нега на детската кожа. Потоа измијте ги очите, веѓите и трепките со млака вода и задолжително на нив и на кожата околу очите нанесете посебен крем за нега на нежна кожа околу очите.

Маслото од бадем и рицинус посебно е добро за нега на трепките. Малку мало ( помалку од капка ) нанесете на меко четче и со неа во насока на растење нежно поминувајте со четчето.

Кога год имате време, посебно кога сте на одмор или за викенд, избегнувајте ја маскарата, а трепките нахранете ги со рицинусово масло.