Брчки – како да го стопираме и намалиме нивното создавање

од  |  0 коментари

Создавањето на брчки е поврзано со губење на течностите. Еве неколку совети од дерматолозите за тоа како да го спречите создавањето на брчки .

Во 25 години – важно е да се спречи создавањето на брчки веќе од 25 година на живот, така што ќе ги користиме производите кои ја подготвуваат кожата против влијанието на надворешните фактори. Редовното хидрирање е клучниот фактор за намалување на брчките. Треба да користат производи со висок ниво на влажност, ни и многу е важно да се храните здраво и да се води урамнотежен живот.

Во 30 години – во овие години површинските брчки веќе стануваат видливи. Ова се случува поради забавеното обновување на клетките и површинското исушување на кожата. Важно е да се спречи создавањето на брчките веќе во самиот почеток. Истражувањето во областа на козметиката овозможија да денес можат да се спречат и намалат површинските брчки.

Во 40 година – од ова година па понатаму, најголемо внимание треба да се поклони за зачувување на цврстината и еластичноста на кожата. Стареењето е пратено со опуштањето на ткивото. Длабоки брчки и линии се формираат додека се насмевнуваме, а брчките на аглите на очите и брчките околу усните почнуваат да бидат подлабоки. Производите за нега кои помагаат кожата да се оправи треба да се комбинира со масажа на лицето.

Во 50 години – со првите промени врзани за менопаузата и со намалување на лачењето на хормоните, се забележуваат и промените на кожата. Овој период е многу важен за животот на вашата кожа бидејќи се забрзува процесот на стареењето. Производите за нега на кожата прилагодени на овие хормонални промени неопходна се помош на Вашата кожа , како и смирен и релаксиран начин на живеење.