Направете сами маска за коса

од  |  0 коментари

И поред тоа што во маркетите има се повеќе препарати за нега на коса, не треба да ги заборавиме и некои добри стари рецепти кои ги практикувале нашите баби. Испробајте ги овие едноставни трикови и сами дадете проценка за нивниот ефект.

За масна коса – во борба против масна коса идеална е морска вода поради планктоните и минералите кои ги содржи. Доколку не можете да одите на море, не е лошо да е измиете косата со вода во која ќе додадете морска сол.

За сува коса – смесата од две лажици мајонез и сок од лимон нанесувајте на коса и оставете да делува дваесет минути, па потоа убаво измијте ја косата.

Против првут – растопете ги два аспирини во вода, нанесувајте ја течноста на косата и би требало првутот постепено да се намалува.

Смирите ја немирната коса – доволно е да дотурите малку вотка во шампон и со таа мешавина измијте ја косата. Не користете овој метод често затоа што може да ви се исуши косата.

За природно посветлување на косата – нанесувајте на коса сок од лимон и излезете на сонце. Косата за нијанса ќе биде посветла. Но внимавајте! Не претерувајте, затоа што може да Ви се оштети косата.

Мед за волумен – лажица мед и лажица киселина измешајте во половина чаша со млака вода. Испрскајте ја свежо измиената коса која е исушена со пешкир и добро масирајте ја косата. Неколку минути нека Ви поседи ова смеса на косата а потоа убаво измијте ја.

Наместо гел – бујната и нескротливата коса обично ја мачиме со геловите и мрсни препарати. Наместо да ја мачиме главата и потоа да се жалиме бидејќи не можеме да се ослободиме од првут, искористете пиво! Измијте ја косата, полијте ја со пиво и исушете ја. Не само да ја храни косата, туку и дава и сјај. Не грижете се, миризбата ќе ја снема за неколку минути.