Негувајте ја кожата и косата со јаболкото
Јаболкото е богато со витамини, посебно со А, Ц и Е кои го штитат организмот од слободните радикали кои се одговорни за стареење на кожата. Покрај тоа, содржи и пектини кој ја смируваат и омекнуваат кожата, малеинска киселина која делува како пилинг, а благодарение на кварцитинот, јаболкото има и антиоксидативно делување. Освен тоа, ги штитат капиларите и ја подобруваат микроциркулацијата.
Облоги за поубава кожа
Земете две до три килограми јаболка, во зависност од тоа дали ќе го третирате лицето, вратот, деколтето, рацтее … Измешајте ги заедно со се кора во миксер и смесата оставете ја да поседи на собна температура околу осум часа. Со помош на газа направете облоги од направената каша, ставете ги облогите на претходно исчистени посакувани места и оставете да делуваат 20 минути. По тргнувањето на облогите би било добро да си подгответе купка во која претходно имате додадено 20 капки екстракт од невен или камилица. Таква купка ќе делува освежително на Вашата кожа која осетно ќе биде помека.
Маска за сува кожа
За маска која е наменета за сува кожа на лицето пожелно е да измешате една жолчка со три лажици рендано јаболко. Маската се нанесува на влажно лице и остава да делува 30 минути, потоа се мие лицето со млака вода.
Јаболкото содржи алфа – хидроксилна киселина која е ефикасна за отстранување на површинските изумрени клетки. Оваа постапка ја освежува кожата на лицето, ја изедначува бојата на кожата и влијае на тоа да кожата добие сјај.
Киселина за сјајна коса
Јаболковата киселина, освен што е фантастичен чистач на организмот, туку и помага во отстранувањето на остатоците од нечистотии на кожата и косата. Најдобро е да додадете ( неколку капки ) во последната вода за плакнење на косатата. Ќе видите како косата ќе Ви блеска.
Пилинг од јаболко
Кашата од јаболко можете да ја употребите како извонреден пилинг за кожаат на лицето и телото. Јаболкото можете да го измешате во блендер и да потоа таа смеса да ја нанесувате на лицето. Оваа маска држете ја на лицето најмногу 20 минути, потоа добро измиете го лицето и нанесете хидратантен крем.
Со јаболкото сигурно никогаш нема да згрешите. Бидејќи е најевтино овошје, се исплаќа да го воведете во секојдневната исхрана, но и да го користете за подготвување на домашни козметички препарати. Здравјето на Вашиот целокупен организам како и за убавината на Вашата кожа евидентно ќе се подобри. Не заборавајте, едно јаболко на ден е вистински извор на здравје и убавина.