Рецептите на нашите баби за современа нега на лицето

од  |  0 коментари

За да бидете негувани не мора да одите подалеку од Вашата кујна. Се што Ви е потребно е неколку рецепти на Вашата баба и малку време.

Илјадници години наназад жените се негувале. И пред ерата на супер луксузни производи и дизајнирани амбалажи припадничките на понежниот пол секогаш наоѓале начин да ја подобрат состојбата на лицето и телото, косата и ноктите.

Рака на срце, тоа време воопшто не е далеку, затоа што и нашите баби пред само 50 години работеле исто – самите ги правеле своите препарати од состојките кои се наоѓале во нивните кујни. Кога е во прашање негата, некогаш навистина не е се во парите.

КОСА

Пакување за коса: две кафени лажици жолт шеќер растворете во една шолја ладно цедено маслиново масло. Во тоа додадете десетина капки од омиленото есенцијално масло (лаванда, чајното дрво, рузмарин, иланг-иланг). Добро измешајте го сето тоа. Пакувањето нанесете го на косата и измиете ја по 10 минути.

Гел: Потопете половина шолја семки од лен во 4 децилитри вода и оставете преку ноќ. Наутро таа мешавина варете ја се додека половината од водата не испари и не се добие  гел. Исцедете ја супстанцата и оставете ја да се олади. Ќе добиете гел за коса кој дава неверојатен сјај.

Зацврстувач: На влажна коса нанесете пиво. Најдобро е да го префрлите во сад со распрскувач. Косата потоа стилизирајте ја нормално. Што и да направете со косата – ставање на виклери, фенирање, употребување на фигаро … ќе има долготраен ефект.

Лак за коса: Ставете 4 супени лажици шеќер во 300 милилитри вода и штом ќе зоврие, исклучете ја ринглата и оставете ја смесата да се олади. Ставете во сад со распрскувач и употребувајте по потреба. Зацврстување на косата, секако зависи од количеството на шеќерот.

ЛИЦЕ

Маска за суво лице: Половина банана испасирајте со виљушка, додадете половина шолја лушпи од овес и сето тоа измешајте со супена лажица мед. Додадете малку вода по потреба, за да добиете густа структура. Нанесувајте ја смесата на лицето и измијте го лицето по десет минути.

Маска за мрсна кожа: Исечкајте еден киви, додадете белка од едно јајце и една супена лажица сок од лимон. Нанесете ја маската на лицето и кога ќе се исуши измијте го лицето.

Пилинг за лице: Измешајте сок од половина лимон, една супена лажица маслиново масло и мед, додека не добиете хомогена смеса. На сето тоа додадете половина шолја шеќер и повторно измешајте. Пилингот нанесувајте го со кружни движења на прстите и потоа измијте го лицето.

СТАПАЛА

Купка за стапала: Направете 200 милилитри чај од четири кесички камилица и една кафена лажица сув магдонос. Кога малку ќе се излади додадете четири капки етерично масло по Ваш избор (препорачуваме нана или лаванда). Добиената течност ставете ја во леѓен со топла вода и потопете ги стапалата 15 минути.

Пилинг: Во блендер сомелете три кафени лажици снегулки од овес. Ставете  ги во мал сад и на тоа додадете три супени лажици кафеав шеќер, една и пол супена лажица мед, сок од лимон и една супена лажица маслиново масло. Направете паста и почнете со неа да ги масирате стапалата. Посебно фокусирајте се на петиците.

ДЛАНКИТЕ

Anti-age купка за дланките: Изрендајте еден голем морков и потопете го во шолја со свеж сок од брусница. Додадете две супени лажици маслиново масло и сето тоа малку стоплете го на ринглата или во микроталасната печка. Потопете ги рацете во растворот петнаесет минути.

Третман за заноктици: Натопете ги туферите во јаболковата киселина и држете ги на заноктиците по 20 секунди. Потоа отворете капсула со витамин Е и измешајте ја со една супена лажица маслиново масло. Со ова масирајте ги заноктиците и пуштете да делува пет минути.