Несовршености кои мажите ги обожаваат кај жените

од  |  0 коментари

Иако естетската хирургија е се повеќе популарна и сите тежнееме да изгледаме совршено, постојат ситни женски неправилности кои мажите ги сметаат како симпатични и заводливи.

Доколку мислевте дека сите мажи ги сакаат совршени жени, без целулит и без стомаче, големи гради и тенок струк, грешите, затоа што мажите секојдневно се заљубуваат во различен тип на жени.

Прочитајте кои се тие пет симпатични неправилности кај жените кои мажите ги обожуваат:

Неправилен нос  

Популарниот грчки профил не го сакаат единствено жените. Носот кој е малку крив не е никаков проблем и не би требало да предизвика комплекс, затоа што мажите го сметат како симпатичен.

Стомаче

Женските облини никогаш не биле проблем, па така ни стомачето. Мажите го сакаат женското тело, со сите негови недостатоци и убавини.

Мали гради

Иако голем дел од мажите сонуваат за големи гради, ни малите гради не се ништо помалку заводливи. Бројните анкети покажаат како голем број на мажи сметаат дека малите гради се сексипилни, посебно доколку се нагласени со длабок деколте.

Ноншалантен изглед

Иако блескавата, намирисаната, исфенираната коса и уредни нокти на мажите им се многу привлечни, опуштениот изглед, обична блуза и лице без шминка може да биде еднакво привлечено и заводливо.

Разделени предни заби

Ванеса Паради и Мадона само се две од познати убавици кои го маѓепсаа светот со прекрасното лице, но и со неправилности која ги воодушевуваат мажите. Не тежнувајте кон холивудската насмевка, туку искористете ги ситните недостатоци и претворете ги во средство за заведување.