Колку време трае љубовта?

од  |  0 коментари

[facebook]

Дали сте се прашувале колку долго трае љубовта кон вашиот партнер , дали трае само во првите 5 години како што поискусните од вас знаат да ви кажат, или пак ќе биде како од филм и ќе трае до последниот здив  …

Доколку постои факт околу врските, тоа е дека тој постојано се менува со менувањето на фазите на заљубеност во кои се наоѓаме за време на врска.  Истражување направено врз 2000 двојки и објавено во познатиот  Women’s Health магазин покажало  дека во првата година од врската една третина од врските се среќни, каде заљубеноста и пеперутките во стомакот се неизбежни, додека пак со текот на времето, во 5 годишните и 10 годишните врски веројатноста за чувството на заљубеност било присутно само кај  10% од вкупниот број на испитаници. 50% од испитаниците на својот партнер во првите пет години му кажувале секој ден дека го сакаат, додека пак во врските до 10 години само 33% си кажувале “те сакам”.

Според ова љубовта и пеперутките во секоја врска не значи дека ќе трааат само 5 години, или пак дека нема да се чувствуваат по првата 10 годишнина заедно, битно е вие да се зангажирате и постојано да бидете тие што и даваат мотивација на врската.

Што е потребно да направите за да ја оживеете љубовта во вашата врска?

Еве ви неколку поинакви совети како да ја зачувате љубовта и да ја разгорите како од првиот ден кога ја почувствувате.

Непланирано заминете некаде, бидете авантуристи . Што тоа значи? Не се прилагодувајте кон старите рутини во врската кои очигледно нема да доведат до многу подобар резултат, пробајте нешто ново. Заминете некаде подалеку од средината во која се наоѓате па макар и на викенд, подалеку од обврските и сите мали нешта кои ве прават несреќни, во некое релаксирано прибежишно место и ќе забележите дека повторно ќе почнете да чувствувате страст во врската.

Ослободете се и направте нешто надвор од вашата зона на конфорот.  Возете се на луда железница или направете некоја луда и незамислива активност заедно која не само што ќе ви го покрене адреналинот туку и ќе ве зближи во искуство кое ќе ви остане во убаво сеќавање во иднина.

Вежбајте заедно со вашиот партнер. Било да се работи за трчање, возење на велосипед, џогирање, одење во теретана, не само што ќе се зближите туку и ќе го зголемите и вашето либидо.

Размислувајте и фантазирајте заеднички за вашата иднина. Размислувајте за иднината заедно, секоја идеа за заедничка идина само повеќе ќе ве зближи.

Инспирирајте се и поттикнувајте се. Секој поттик и инспирација за поголеми достигнувања на вашиот партнер и секоја несебичност покажана кон него ќе ви се врати со поголемо покажување на нежност, разбирање и ќе ве натера да се потсетите зошто ве привлеко/привлекла уште од првиот пат.

Бидете компетитивни.Најдете било какви заеднички активности од играње на компјутерски игри, до играње на карти и слично, односно најдете нова активност во која ќе се зближите.

Покрај заеднички моменти, кажувајте си “Те сакам”, никогаш  не е доволно, ниту пак прекасно.