Нова дигитална ера на online советување и тренинзи за личен развој

од  |  0 коментари

Тренинзите, личниот развој и онлајн советувањето се вој пракса која веќе долго се практикува со САД.
На нашите простори се новитет, меѓутоа брзо растечки тренд поттикнат од зголемената динамика на денешниот модерен живот  и немањето на доволно слободно време.
Со помош на дигиталната ера, Интернетот отвара нови можности за иновативен пристап кон психологијата и само-развојот. Онлајн терапијата и тренинзите за личен развој може да бидат од голема помош за вас.

Онлајн терапија – одлична можност за оние кои треба да патуваат

Доколку живеете на голема оддалеченост од вашиот терапевт, онлајн терапијата може да биде одличен нов пристап кон секојдневните средби со вашиот психолог/психотерапевт.
Од голема помош е за оние кои немаат доволно слободно време за да прават ваков тип на посети, помага на индивидуи кои се оневозможени да патуваат далеку од домот како на пример млади мајки итн.
Покрај оваа предност, онлајн терапијата може да биде многу пристапна, а во исто време да се одвива во комфорот на вашата канцеларија или сопствениот дом. Покрај ова, закажувањето на термините на овој тип на терапија е многу флексибилен со оглед на тоа што сесиите може да се одвиваат по договор во периодот во кој најмногу ви одговара.


Тренинзи за личен развој

Во време на брзото темпо на живот и големо незадоволство, често знаеме да тежнееме кон успех- кој се чини дека не доаѓа, тежнееме кон нешта кои ги посакуваме а ги немаме – за на крајот од денот да си легнеме уморни од желбата да имаме малку поинаков живот.
Разботилниците за личен развој  наменети за сите кои сакаат да работат на подобрување на своите лични потенцијали за промена. Кога сме отворени за промена подготвени сме за личен раст.
Личниот развој е долгорочен процес кој трае во текот на целиот живот. Тој им овозможува на луѓето да ги препознаат своите вештини и квалитети, да научат нови, да научат како да ги надминуваат бариерите,  да се насочат кон дефинирање на цели и постигнување на истите и да го доведат до максимум својот потенцијал.



Ве покануваме да се пријавите за работилницата за личен развој со групен пристaп според концепт на Трансакциска анализа и Системска семејна терапија, организирана од страна на психолошкото советувалиште Петар Пан од Скопје во соработка со психолог Деспина Стојановска, која ќе се одвива во Скопје, 02.02.2017 година. 

Преку ваквиот пристап учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини кои ќе им овозможат да ја подобрат комуникацијата, ќе им помогнат да ги осознаат своите потреби и да најдат соодветен начин за нивна реализација, ќе научат како функционално да делуваат во семејни рамки и да ги надминат потешкотиите со своите блиски, ќе се оспособат адекватно да поставуваат и исполнуваат цели, ќе осознаат нови начини на конструктивно решавање на конфликт итн.

Сите заинтересирани кои сакаат да добијат повеќе информации во врска со начинот и методите на работа, ги замолуваме да го пополнат следниот онлајн формулар: https://goo.gl/XF047r  или да поставуваат прашања во инбокс или на следниве адреси:

mastefanova@yahoo.com и stojanovska.despina@gmail.com , како и на тел.броеви

075426946 Марија Стефанова, лиценциран психолог, професионален обучувач на возрасни, тренер по асертивна комуникација

078666333 Деспина Стојановска, лиценциран психолог, системски семеен советник, професионален обучувач на возрасни