Од што се прави карминот?

од  |  0 коментари

Карминот моќно оружје што  секојдневно го користи секоја жена, но дали некогаш сте се запрашале од што тој навистина е направен? Денес ви нудиме одговор на тоа прашање…

Еден професор по хемија, го заинтригирал оваа тема, па решил малку да истражува и да открие кои се компонентите на карминот.

Посакуваната боја, сијај и потполност се добиваат со помош на неколку стотина различни хемиски соединенија.

images

Црвениот пигмент најчесто се добива од  cochineal бубачки кои живеат на кактусите,така што телата на инсектите се ,,куваат”  во амонијак или  во раствор  од натриум карбонат. Мешавината се филтрира пред да му се додаде калиум алуминиум сулфат.

Темно црвениот кармин најчесто ја  содржи хемиската компонента еозин. Кога карминот ќе го ставете на усните всушност има темно плава боја,бојата се менува, бидејќи доаѓа до  реакција  со кожата. Бојата реагира со амино соединенијата  кои се наоѓаат во протеините на кожата, и благодарение на тоа настанува темно црвена боја веднаш што ќе го ставите карминот. Оваа реакција,исто така  придонесува за црвениот  кармин подолго да трае.

images (1)

Останантите соединенија можат да се додаваат во мали количини со цел карминот убаво да мириса и да ја одржува соодветната влага на усните.Некои кармини на пример  содржат т.н. капсаицин соединение кое може да се најде во чилето. Неговото дејство во карминот е со цел да благо ги надразни усните и да предизвика малку да отечат така што ќе ги направи да изгледаат поголеми.

a9848b5bd7363c5406235946259188bf

Рзлични врсти на  восок и масла го сочинуваат главниот дел на карминот. Восокот е клучен за давање на структура и облик на карминот.  Многу често се користи и пчелниот восок и lanolin супстанција која ја лачат жлездите на овците. Карнауба восок се добива од листовите на бразилските палми кој што придонесува да карминот биде отпорен на јако сонце и високи температури. Восокот во карминот ги поврзува останатите состојќи и му дава сијај. Маслата најчесто рицинусот,го содржува 65 отсто од карминот и благодарение на нив карминот е мек и може да се лизга.

f6cc4b75bd41334de0543527fbe51eac

Во последните неколку  години се јавува загрижаност кај корисниците, во врска со присуството на тешки метали во кармините , иако се работи само за многу мали количества ( траги ) на истите.Едно истражување, спроведено на Универзитетот во Калифирнија покажа дека дури 32 марки на кармини содржат мали количини олово,алуминиум,хром и манган, но врз основа на количините кои што успеваат да доспеат преку усните во организмот се испоставило дека не се опасни по здравјето. И покрај овој факт компаниите кои произведуваат кармин ги превземаат сите можни мерки оловото да го исфрлат при производството на кармините.