Откриете дали ќе ве болат нозете во одреден пар потпетици уште пред да ги купите?

од  |  0 коментари

Жените имаат бурна љубовна афера те мразам –те сакам со високите потпетици.  Високите потпетици кои толку ги обожавате и ве прават да изгледате тенко, високо и како секси а богами и моќно, во доцните вечери на патот кон дома ги покажуваат своите “заби”. Дали често ви се случува во својот омилен пар високи потпетици да чувствувате болка од повремено стоење и одење, а кога ќе си отидете дома да се соочите со болки во нозете а и плускавици?

Најдобриот совет кој ќе го добиете е наредниот пат кога купувате потпетици да купувате паметно. А како?

1. Најпрво, обрнете внимание на чашката на штиклата, односно дебелиот дел на штиклата кој е директно залепен на чевлата. Доколку тој изгледа прилепен и крут, а не во склад со целиот чевел повеќе од веројатно е дека често тие чевли ќе ви предизвикуваат болки во нозете. За таа цел најдобро е да одберете штикла која делува стабилно, а воедно најдобар избор за чевел е кожниот  или чевел кој на проба е помек и се чувствува помалку “пластичнo” кога е ставен на нога.

JT-17-3-1000x1000

2.Чевлите кои имаат директен пад без платформа за потпора на предниот дел на ногата , а имаат потпетица поголема од 5цм ќе ви бидат неудобни за носење!

3.Направете го тестот со палецот. Доколку чевелот ви е потесен а не е кожен (затоа што коѓата се шири) тогаш не го купувајте. Голема е веројатноста дека доколку ногата не ви се чувствува комотно и чевелот ве притиска на прстите дека тие ќе ви бидат некомотни за носење. Правилото на палецот се однесува на тоа дека кога пробуваме чевел просторот помеѓу најдолгиот прст на ногата и чевелот треба да има дебелина на палецот на ногата за да ни бидат тие чевли комотни. А сме го виделе и ова и на црвениот тепих, не изгледа убаво и удобно зарем не ?

Survivors Celebrity High Heels  Julianne Moore4. Не ги гледајте само своите нозе во чевелот додека пробувате, одете малку и истестирајте го за удобност. Продавачите не би ви замериле затоа што вие сте потенцијален купувач, а вие воедно нема да згрешите во изборот.

5. Доколку обожавате вообичаено да носите високи потпетици, вистинскиот избор за вас е чевел со подебела штикла или чевел на платформа. Стилето чевлите или лобутинките изгледаат совршено, но само изгледаат –тие не се удобни за носење на подолг период.

6. Најдобриот совет кој негогаш ќе го добиете кога станува збор за високи потпетици е да ги избегнувате колку што можете за денски прилики. Најкомотни се патиките, меѓутоа за потпетиците избирајте ги да ги носите само на посебни прилики и прилики кои тоа го налагаат- не бидете роб на еден пар високи потпетици.

images (2)