Опасни градови кои сепак треба да ги посетите

од  |  0 коментари

Постојат доста градови кои ги бие многу лош глас во светот, некои од нив својот углед потполно го заслужуваат но постојати градови на листата што на тоа место стигнале неоправдано. Еве некои градови кои и не се баш толку “страшни” и во нив има што да се види.

Некои од најопасните градови и со лоша репутација навистина се легло на криминалот, други изгледаат како на нивната територија да експлодирала атомска бомба , трети претставуваат сведоштво на индустриско пропаѓање, но ги има и оние кои понекогаш го носат епитетот “грозни”.

Детроит

Најчестата америчка “боксерска вреќа за удирање” носи со себе големо наследство, особено кога се музиката и автомобилската индустрија во прашање. Историскиот Motown музеј содржи и зачувано студио во кое Marvin Gej и Stiviе Vonder ги снимаа своите први песни, додека во музејот Henriе Ford се наоѓаат некои од првите модели на овој произведувач.

Детроит е полн со наследства од црнечките култури па во музејот на Форд се наоѓа и автобусот со кој патувала Roza Parks, црнкиња што се бори за човековите права и автомобилот во кој се возел Кенеди кога бил убиен.

Треба да се посетат и некои делови од градот кои на изглед личат напуштено, како што е квартот под името “Heidelberg Project” каде станарите целиот блок го претворија во една врста уметничка инсталација.

Манила

Дури и Филипинците го опишуваат својот град како хатичен, но со извесен шарм и својствени азиски градби, а бучните караоке барови се вистински пример за исчашеност на неговите жители.

Во градот постојат три значајни атракции:Стар клонијален дел, полн со стари цркви кои се бизарно опкружени со терени за голф. Тука е исто така Алаја музејот во кој туристите може да се запознаат со фасцинантната и единствена историја на Филипинците. И на крај, в градот се наоѓа меморијален центар и амерички гробници, најбројните борбени гробници во светот од кои илјадници се обележани, на посетителите им оставаат голем впечаток.

Богота

Разновиден град со фантастични и колонијални згради. Ова е еден од градовите што треба да биде прв во Јужна Америка и да биде посетуван од многу туристи, но за жал сеуште го перцепираат како опасен град бидејќи доста е застапени криминалот и дрогата.

Во самиот град цвета уметничка и креативна сцена, а градот од Унеско доби и титула за Град на музиката, со своите неколку карневали кои се одржуваат во текот на целата година. Не пропуштајте ја посетата на музејот del Oro што покажува колку златото е важно во Јужна Америја.

Јоханесбург

Автобуската станица можеби ќе ви изгледа морничаво, но центарот на Јоханесбург исто така е како големо собиралиште на различни криминалци.Вреди да се прошета центарот на градот и да се види стариот затвор, особено античките ќелии во кои некогаш бил затворен Нелсон Мандела и Махатма Ганди, неизоставен дел од Јужноафричката Република. Јужниот дел, особено во Њутон важи за најопуштениот дел од градот во кој се наоѓаат кина и театри, уметнички центри и Афрички музеи.

Белград

Србија најчесто се поврзува со разрушени згради во центарот кои се последица на бомбардирањето од НАТО Алијансата, но овој дел Европа го смета за еден од најживописните и разновидни можности за забава, особено преку лето. Овој град кој “никогаш не спие ” се наоѓа на место под стара тврдина каде се сретнуваат две реки: Сава и Дунав.

Тешко дека во Европа ќе се пронајде подобар гастрономски избор за толку малку пари, додека хотели хостели никнуваат на секој чекор. Енергијата на овој град е огромна, а вредни да се посетат се Калемегдан, Храмот на света Сава и Титов меморијален центар.

Руска област, Германија

Делот на Германија што некогаш претставуваше индустриско срце на Германија, потполно е лишен поради гламурот на Дортмунд, Бохум,Гелзенкирхен, но и во него има што да се види. Историските остатоци се претворени во изложбен простор, па да речеме во Оберхаузен тунлите кои некогаш беа дел од рударски ископувања сега се претворени во 117 км долг музеј, додека пак Ландшафтпарк воДизбург е трансформиран од стара железара во феноменален културен центар и простор за концерти заедно со паркот за авантури. Есен, е најинтересниот со огромни комплекси од рудници претворени во разнолики културни атракции. Внатрешно редизајнираните котларници сега се музеи со модерни дизајни Ред Дот Дизајн Музеј кој се смета место со најрелевантни збирки од модерни дизајни.

Питсбург

Овој град некогаш ил толку многу загаден што едвај би можеле да ја видите својата рака пред лицето. Овој бивши “Град на челик” полека евалуираше и сега е еден од најубавите градови во Америка. Покрај стариот централен дел, неговата најголема атракција е музејот Енди Ворхол, најголемиот музеј во Америка, посветен на еден уметник. Тој се простира на 6 спратови на кои се претставени живототи работата на таткото на “pop-art”.

Без здив исто така ќе ве остави и Cathedral of Learning, како и 163 метра високата готска кула Универзитетот во Питсбург, кој се гледа од далеку кога влегувате во градот.

Кингстон

Некогаш еден од градовите на јамајците со најмногу убиства сместен помеѓу природни пристаништа и големи планини. Оние што се движат низ сигурните делови на градот пропуштиле да го видат музејот на Боб Марли, бившиот пиратски главен град Порт Ројал и делот во градот Тренчтаун каде е родено познатото реге.

Потребна е секако одредена доза на внимание додека се движите низ градот, но во Кингстон сиромашните и богатите живеат едни до други – од сиромашна населба до луксузни ресторани со улични забави кои се сметаат за најдобри на Карибите.

Балтимор

Телевизиската серија The Wire можеби го направи овој град познат, меѓутоа делот кај старото пристаниште е преполн со историски споменици. Националниот Аквариум на 7 спратови совршено го претставува морскиот живот, а еден од уметничките музеи во градот ги поседува најчудните уметнички дела во светот кои не можат да се опишат со зборови. Останатите атракции се поврзани со култот на бејзбол играчот Бејб Рут, како и истражувањето на старите големи бродови. Ова е еден од ретките градови во светот во кој со денови ќе се забавувате, и покрај не баш сјајната околина.