Златно правило за викендот

од  |  0 коментари

Викендот секогаш е период во кој многу очекуваме – не само што не правиме половина од она што сме го зацртале, туку често и во недела се чуствуваме поуморно отколку во Петок. Држете се до овие “три” правила и тоа нема да ви се случува.

Сите желно го очекуваме пет дена во неделата надевајќи се дека конечно ќе се одмориме, ќе ги видиме драгите луѓе, ќе испробаме нов рецепт, ќе одиме во шопинг, ќе ги одведеме децата во кино, ќе избришеме прашина… Но викендот поминува, а ние не само што не сме го направиле тоа што го зацртавме, туку во недела на вечер  се чуствуваме поуморно отколку во Петок.

Лаура Вандеркам, втор на книгата 168 часа: Вие имате повеќе време отколку што можете да замислите, советува за време на викендот да се придржувате на правилото “три”. Баш поради пренатрупување на сабота и недела, викендот ја губи основната задача -одморот. Ограничете ги викенд активностите на три, пример: посетете изложба, сат вежбање и ручек со пријателите. Таквиот начин на планирање ќе ви остави доволно време за одмор.