Виена, метропола со волшебна убавина

од  |  0 коментари

Виена, главен град на Австрија и културна престолнина на Европа, со околу два милиони на жители преставува метропола со богато културно историско наследство, град со посебен шарм и убавина. Виена е модерен град, кој денес е поделен на 23 дистрикти.

Сè што денес ја симболизира Виена потекнува од владеењето на моќната династија Хабзбург. Од австриската престолнина направија град на музика, во кој создаваа големи композитори како што се: Моцарт, Бетовен, Штраус. Виенската филхармонија е една од најпознатите во светот, а нејзиниот новогодишен концерт се одржува на 1 јануари, го пратат милиони на гледачи во целиот свет.Виена е и најпознат образовен центар. Во центарот на градот се наоѓа еден од најубавите булевари Ринг кој е изграден 1857 година на местото на средновековните ѕидини кои го штитеа градот. Исто така во самиот центар на градот се наоѓа Катедрала на Свети Стефан.

Во внатрешноста на прстенот Рингштрасе се наоѓаат најубавите и најзначајните згради на Виена: палатата Хофбург, зградата на прочуената Виенска опера, Музејот на уметностите, Бургтеатар.

Дворец Хофбург – со векови беше званична резиденција на Австриските владетели. Оттаму Хазбурговците владееја и донесуваа одлуки кои имаа  судбоносно влијание не само  на иднината на припадниците на Хазбуршката монархија туку и на целата Европа. Палатата Хофбург е денес центар на политичката моќ во Австрија, бидејќи во неа се наоѓа канцеларија на претседателот.

Дворец Шенбрун – изграден во средина на 16 век со 1 441 соби служел како летниковец на Хазбуршката монархија. Овој дворец пред 200 години при посета на градот отседнал Наполеон. Околу дворецот се наоѓа еден од најубавите паркови во светот со голем број на фонтани и со најстара зоолошка градина која е изградена 1752 година.

Палата Белведере – ја изградил принцот Еугенсавојски во почетокот на 18 век. А зградите на Горниот и долниот Белведере ги опкружува познатиот парк во кој се наоѓа прва алпска градина со повеќе од 4 00 различни врсти на билки. А денес овие згради се дом на австриската галерија, во која се наоѓаат голем број на слики од славните австриски сликари.

Забавниот парк Пратер ( Големото тркало ) – се наоѓа во паркот Пратер и е една од најпознатите Виенски атракции, кружи 20 минути и овозможува преубава панорамска глетка на градот. Најстар е во Европа и постои од 1879 година.

Виена е позната и по одличните ресторани и таверни и има голема традиција на производство на вино, кое датира уште од 750 година пред нова ера и виноградите кои ги подигнаа Келтите и Илирите. Она што обавезно требате да пробате во слаткарниците е нивната традиционална захер торта. Тортата ја осмислил Виенскиот слаткар Франц Захер 1832 година. Неговиот син Едуард 1876 година отворил хотел Saher, а рецептот за тортата се чува во тајност.