Органска храна за здрав живот

од  |  0 коментари

Различните народи во светот различно го дефинираат поимот здравје. Во принцип, суштината на сите размислувања е постигнувањето на рамнотежа помеѓу телото и духот, доколку тој одос е балансиран, тогаш може да се смета дека човекот е здрав.

Старите Кинези велат”Ти си она што јадеш, размислувај добро за храната која ја консумираш”, алудирајќи на тоа дека постои разнолика енергија  ,во различните намирници кои се пак одговорни за широкиот спктар на мисли и чувства кои упрравуваат со нашето тело. На таа филозофија е базирана и основата на макробиотиката и вегетаријанството  кои сметаат дека благата енергија на билките дааваат благи мисли и чувства и спречуваат мисли на агресија и негативни мисли во нашето тело, а тоа во крајна линија води кон мир и благосостојба во нас и околу нас.Сето тоа укажува дека храната е важна за нашето тело у дух, односно за духовен напредок потребна е храна која ќе предизвика позитивни чувства и ќе креира баланс на нашето тело, ум и дух.

За во денешниот современ свет човекот да може да го одржи своето тело и ум здрави, не е доволно само да се храни со храна етикетирана како здрава. Желбите за профит многу свесно во денешното доба ја трујат храната, водата, почвата и воздухот. Може и да се каже дека светот е дојден до точка кога не произведува ништо здраво од она што се пласира како такво на пазарите околу нас. Основниот проблем со кој се соочуваме денес е тоа што загаденоста на земјиштето, водата и воздухот со пестициди, антибиотици, хормони, радиоактивни честички и микотоксини се, но и создаваат отрови во самото ткиво на домаќинот (растението).

Некои од микотоксините, а ги има во огромен број се наоѓаат меѓу едни од најотровните супстанци. Загадената билка со афла токсин  на пример ја јаде стоката, производите ги консумира човекот кој е крајната нишка од синџирот на исхрана. Во неговиот организам микротоксинот внесен прреку исхраната доведува до кочење на обрамбениот систем со што се предизвикуваат различни видови на алергии, некои видови на карциноми, автоимуни болести како и безброј болести меѓу кои и мултиплекс склероза.

Во текот на последните неколку години поради сите овие фрапантни информации но и факти, се повеќе расте свеста околу важноста на квалитетот на намирниците кои се внесуваат во човековиот организам, а со тоа и движењето за органско производство. За храната денес често се користат називи како еко, биолошки производи чија суштина се наоѓа во тоа што тие се производи кои не содржат пестициди, хормони, антибиотици, тешки метали, а најбитно од се микотоксини.

Додека пак предноста на оганските производи  е тоа што тие покрај наведените не содржат и синтетички адитиви и препарати генетски модифицирани, а поради тоа имаат неспоредливо поголема биолошка врредност а со тоа ја ускладуваат и енергијата во нашето тело.
Вкусот, бојата и аромата на ваквите производи се извонредни и не враќаат во детството кога сеуште можевме да го почувствуваме вкусот на она што беше храната а за жал младите генерации не ја имале привилегијата да ја пробаат се до вкусувањето  на органски производи.

Органското производство денес се практикува во преку стотици земји, на повеќе од 24.000.000 ha. Исклучително е важно младите да се хранат со ваков тип на намирници затоа што ќе им обезбедат добар развој, добар имунитет и здрава психофизичка состојба. Со ваков тип на исхрана младите генерации имаат можност да се доближат кон изворот на квалитетниот живот и исхрана.