Психологија на заљубеноста и љубовта

од  |  0 коментари

‘’Љубовта е единствената работа која има смисла во апсурдите услови на надворешниот свет.
Kaj страствената  заљубеност не можеме да направиме разлика помеѓу нашето и либидото на нашиот партнер, границата помеѓу нас и другиот исчезнува. Против сите правила на реалноста и логиката, заљубената личност ќе каже дека таа и партнерот се eдно и ќе биде спремна да се однесува како тоа да е факт”.- S. Freud

Психоаналитичарoт Viderman, пак со своите ставови објаснува дека  најмоќниот аспект на стравствената врска е формирањето на нова смисла околу нас самите, околу нашата личност.
”Заљубеноста ни помага да разбереме што можеме да очекуваме од нашето тело, како и што можеме да очекуваме дека нашите тела се способни да направат”. Viderman верува дека сите ние имаме несвесна фантазија која се разбудува во моментите кога стануваме страсно заљубени. Таа фантазија се однесува на активацијата на нашите најрани желби од детството како и на начините на кои сме биле сакани и наградувани како деца. Оваа фантазија им овозможува на поединците во сегашно време да ги разбудат своите најрани идеали и да пробаат да го поправат она што некогаш тие идеали ги осуетило.  Се што како деца сме очекувале од љубовта, а не било исполнето или на некој начин не повредило, го тестираме и пробуваме да го зацврстиме  во новите врски. Од таа причина на почетокот на страсната и романтичната врска се јавува чувство на еуфорија. Несвесно се надеваме дека неисполнетите желби од детството ќе ни бидат исполнети во новата романтична врска и несвесно од партнерот очекуваме потполен склад каков што некогаш илузорно постоел помеѓу мајката и детето.
Зборот страст потекнува од латинскиот глагол „patior“ – кој значи: да се пати, да се биде толерантен или да се поднесува. Спротивно на некогашните Фројдови сфаќања,  денес се верува дека заљубеноста се зголемува, а не дека ги  исцрпува нашите идеали и дека е извор на нарцистичките награди и задоволства.

Што ни се случува кога сме заљубени според истражувачите?

Заљубеноста ни помага да разбереме како реактивацијата на раните идеали за сплотеноста со мајката и за комплетното единство и исполнување на сите желби може да реактивира некогашни проблеми поврзани со болка, осудување, патење и гнев и да водат кон психичко па дури и физичко самоуништување.
Стравствената заљубеност може да доведе до повторување на некогашните трауми поради појавата на желбите за нивно надминување.
Од тие причини многу често луѓето ги повторуваат истите грешки во врските, бираат слични парнери, доживуваат многу слични незадоволства во скоро секоја нова романтична врска и недоволно учат од своето искуство. Тие несвесно во секоја врска ги повторуваат болните искуства од детството.
Повторувајќи ги несвесно, незнаејќи ги причините поради кои тоа го прават, зошто ги привлекува ист погрешен тип на партнер, секоја нова врска може да донесе нови негативни искуства кои нема да ви помогнат да ги излечите ‘старите рани’’.

Страсната заљубеност и стапувањето во врска со партнерот може на краток временски рок да доведе со чувство на исполнетост, чувство дека сите проблеми се решени, но тоа чувство е по правило краткотрајно затоа што е базирано на претходна илузија. Страсната заљубеност не е погрешна или штетна. Таа секако може да ја надмине илузијата и да прерасне во вистинска љубов, во реална љубов која ја чувствуваме кон партнерот кога реално го гледаме како втората личност од она заедничкото но и како индивидулец кој сме го прифатиле со сите свои маани и доблести.

Заљубеноста е потполно лично и субјективно искуство, посебно и различно кај секој поединец затоа што кај секој од нас е базирана на нашите лични фантазии, желби и чувства.

MekKlilend смета дека постојат „две психологии на љубовта“, едната се потпира на левата, а другата на десната хемисфера на нашиот мозок. За разбирање на стравствената заљубеност потребна ни  е втората. Десната хемисфера е одговорна за имагинацијата, развиена е кај луѓето кои имаат голема емпатија, често ирационална и неразбирлива. Поради тие причини кај ваквиот тип на сваќања, стравствената заљубеност неминовно ”боли”. Еден од најинтересните симптоми на ваквиот тип на заљубеност покрај чувството за зависност од саканата личност е преокупацијата со неа.

Вквиот тип на заљубеност може да се набљудува како состојба на алтернативна свест или искривена свест.
Емоциите доминираат со нашиот ум, што е во спротивност со обичните, секојдневните состојби.
Ваквиот тип на љубов може да има зрели и незрели карактеристики. Пред да се заљубиме мораме да бидеме свесни, спремни и способни да ја прифатиме таа состојба. Спремноста за влез во однос со друго битие е зрела карактеристика и ја отсликува способноста, да му дозволиме на другиот да влезе во нашиот психички свет.
Што ќе се случува понатаму во текот на врската е индивидуално прашање.

Колку долго трае љубовта?

Tenov смета дека: ”просечното траење на заљубеноста е две години и дека емоциите над разумот воглавно не можат да имаат превласт подолг од тој период”.
Сите човечки суштества имаат вродена способност за заљубување- тоа е во нашата природа, поддеднакво застапена  кај жените но и мажите.

Способноста за зрела љубов е сложена и се развива во текот на целиот живот.
Зачетоците на таа способност е потребно да се согледаат во најраниот однос помеѓу мајката и детето. Ако во таквиот однос настанат значајни пропусти или грешки, децата можат да прераснат во личности кои иако се способни за чувство на еуфорија, немаат развиена способност за зрела љубов.
Луѓето често бараат психотерапевстка помош кога не се способни зрело да љубат.
Љубовта е уметност, како што напишал и From но за неа потребен е и голем труд. Љубовта не ни се случува етапно, ние ја развиваме.
Љубовта е способност која се развива преку меѓусебно давање и примање. Во самиот процес на градење на врска, луѓето се развиваат, не го губат своето јас туку го пронаоѓаат своето вистинско Јас. Давањето на љубов докажува дека во нас постои нешто живо. Неспособноста за давање и примање на љубов укажува на тоа дека во нас нешто ‘’недоволно се развило’’. Безживотност, празнина и чувство на бесполезност се често основни желби на луѓе неспособни да даваат и примаат љубов.

Како се учи способноста за давање и примање на љубов?
Развојно гледано, на детето потребна му е негувачка, разбирлива и емпатична личност која ги препознава неговите потреби, со рабирање и сопствената љубов го учи детето да гради капацитет и развива способност за љубов.  Добрите терапевте се однесуваат родителски, па многу луѓе низ психотерапија ги развиваат и градат таквите способности.

Зрелата љубов подразбира грижа, нежност, одговорност, разбирање, почит на другата личност како индивидуа, сочувствување, познавање, вложување и труд.

Страмот, стравот од одбивање и стравот од блискост се само некои од многуте проблеми кои ќе ја попречат стравствената заљубеност да прерасне во вистинска љубов. Неможноста да се одвоиме од идеализацијата на партнерот укажува на силната потреба крај себе да имаме совршена личност која ќе не штити од проблеми и ќе ни помогне да ги пребродиме тешкотиите на секојдневието. Поради идеализацијата на партнерот често се случува да е потребен доста голем труд и волја да се задржи заедништвото кое подразбира разлики и фрустрации.

Во моментите кога сме соочени со реалноста и партнерот го гледаме како индивидуа можеме да направиме зрел избор: да заминеме или пак да останеме и да се трудиме да развиеме стабилна врска и градиме љубов.

Извор: psihoterapijsketeme.com