Парга – неодоливата убавина на Јонскиот бисер
Како еден од најубавите брегови на медитеранот, Јонскиот брег претставува незаменлив бисер во ѓерданот на морските убавини кои ги нудат двете блиски мориња. Јонскиот брег со својата неисцрпна понуда на Ариес Tравел , секоја година не иницира да откриеме уште некое ново место кое ќе го привлече вашето внимание.
Парга се наоѓа на Јонското море, во областа Епир, на спротивната страна од островот Крф или пак на оддалеченост од околу 60 км на југ од градот Јанина. Парга е место кое со својот изглед и со својот дух потсеќа на старите медитерански градови. Се наоѓа покрај малиот залив, амфитетрално спуштајќи се кон морето, опкружена со шуми и вегетација на маслинови дрва. Романтичните улици со мали куќи и мноштво ресторани, таверни и кафулиња, претставуваат главна негова карактеристика. Темпото на космополитскиот дух кој преку денот привидно мирува, ја доживува својата кулминација во прекрасните вечерни часови. Парга има долга традиција и прекрасна архитектура. Оние кои имаат желба за истражување и разгледување, жедта ќе си ја задоволат во прекрасната Парга, која располага со многу историски градби и антички мистични места.
Во Парга љубителите на храна ќе се ‘’ разгалат себеси’’ потопувајќи се во традициите на локалната грчка храна,вино и воопшто начин на живот. Локалните жители на Парга изгледаат како да имаат постигнато вистински баланс за хармоничен живот.
Парга е горд сопственик на најчистите и најзачуваните плажи во цела Грција.Прекрасните плажи како Валтос и Лихнос, кои се простираат покрај блиските заливи, одморот во Парга го претвараат во постојано истражување.
Валтос
Плажата Валтос е бисерот на Парга, пред се поради својот величествен изглед и природен сјај.Таа е една од најпопуларните плажи во Парга, благодарение на својот блескав песок и неверојатно бистрата вода. Плажата е одлично организирана за водни спортови како: скијање на вода, возење со скутер на вода, сурфање на ветер, нуркање.
Лихнос
Плажата Лихнос е лоцирана на 4 км јужно од Парга. Таа е една од најубавите плажи во Епирус и најпопуларна плажа во Парга. Всушност, таа е една од оние неверојатни грчки плажи во кои длабокото сино море е совршено исплетено со зеленило од маслиновите дрвја, во еден пејзаж. Лихнос е песочна плажа, а водата е длабока и чиста. На оваа плажа, исто така ќе имате можност да уживате во разни водни спортови: нуркање, сурфање, возење со скутер по вода… на Лихност исто така имате можност за изнајмување на педалинки, со кои што ќе можете да го ,,истражувате “ Јонското море. Доколку ја посетите оваа плажа, треба дефенитивно да одите до пештерата Афродита, која е лоцирана на петминутна оддалеченост и до која можете да стигнете само со брод или педалинка.Според легендата, Афродита- божицата на љубовта и елеганцијата, имала обичај да се капе во оваа пештера.
Саракинико
Плажата Саракинико е една од најмистичните плажи, лоцирана на 12 км од Парга и истата овозможува спокојно богатство од грижите, нурнувајќи се во кристално бистри води и уживајќи во прекрасниот песок. Совршена е за семејства и љубовни парови, благодарение на романтичниот момент кој го создава маслиновата шума, креирајќи спектакуларен пејзаж. И покрај тоа што оваа плажа не е толку омилена помеѓу туристите, како што се Валтос и Лихнос, ќе признаете дека таа е сепак волшебна и нуди разни активности како пливање, риболов,изнајмување на педалинка, кану и нуркање.
Крионери
Плажата Карионери е оддалечена на само неколку метри од центарот на Парга. Во центарот наспроти плажата лежи мало, карпесто островче, кое локалните жители го нарекуваат Скорда. Крионери е убава, чиста плажа, полупесочна и полукамена, со фантастична сина вода, како во сите делови на Парга. Крионери ја опфаќа и главната улица во Парга, каде што ќе најдете различни продавници за сечии вкус, како и кафетерии, таверни, ресторани и барови со поглед кон живописната плажа со мало островче.
За многуте туристи во Парга, секако дека централното место го завзема старата тврдина или венецијанскиот замок Али Паша која го дели градот на два дела. Погледот од неа кон малото пристаниште или кон градската плажа претставува вистинска поетска инспирација. престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува, прекрасен летен одмор. Во самата делта на реката Арахон, или од митологијата попозната како реката “Стикс”, се наоѓа местото Амудиа. Ова живописно место, според своите природно географски посебности, ќе ви овозможи во исто време да уживате на неговата голема и песочна плажа, доколку посакате да пливате, ловите риба или пловите со брод низ реката Арахон, да ги почувствувате и нејзините благодети.
За повеќе информации и незаборавно доживување во Парга погледнете на Ариес Травел