Тасос – убавина за око и душа!

од  |  0 коментари

Според Херодот островот го добил името по синот на Феникискиот крал Тасос. Митологијата кажува дека Тасос стигнал на островот барајќи ја неговата сестра Европа кој ја грабнал Зевс. Проповедајќи го христијанството, тука поминувал и апостолот Павле кој бил на патот кон Филипините. Ниту Одисеј не можел да му одолее, затоа што поминувајќи поред заливот на сирените ја чул нивната песна и дошол во искушение засекогаш да остане тука. Дури и Хипократ го избрал овој остров и живејќи таму 4 години напишал некои од неговите најголеми дела.

slider-aries-specijalni-ponudi-ova-leto-slika

Тасос е зелен Грчки остров во Егејското море познато по неговите чисти плажи, гостопримство, вкусното вино и мед и апартмани за сечии вкус. Островот го краси пријатна клима и многубројни мирни плажи. Апартманите во Тасос ќе Ви овозможат извонреден комфор, а поред тоа ќе почувствувате и гостопримство. Лименас е главен  и најголем град во Тасос. Лименарија и преубавиот Потос се нај јужните места на островот и никогаш нема да ве остават рамнодушни. Внатрешноста на островот Тасос е потполно недопрен планински предел со села. Богати борови шуми го покриваат целиот остров Тасос. Морето, зеленилото, шумите и блескавиот бел мермер и брегот ќе ви овозможи незаборавен одмор во некои од апартманите од нашата понуда.

Тасос често го нарекуваат “смарагден остров“ поради проѕирната и чиста вода со азурна боја, или “шума која плива„ поради густата вегетација.