Lefkada- бисер на Јонското море

од  |  0 коментари

Лефкада е место со историја и убавина, баш создадено за одмор од соништата.
Доколку ви беа потребни повеќе податоци за ова место, тогаш ја читате вистинската статија.

Лефкада е позната по тоа што е опејувана во митовите како родното место на божицата Афродита,  местото каде се самоубил познатиот грчки поет Сафо како и опејуваниот Одисеј познат од митодологијата и нормално книгата “Одисеа” на Хомер.

1
Лефкада е лоцирана на западниот брег на Грција. Таа се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, обиколена со 24 помали островчиња помеѓу кои се наоѓа и познатото островче Skorpios  во сопственост на семејството на Аристотел Оназис, сопругот на Џеки Кенеди.
Лефкада се поврзува со остатокот од Грција преку флотирачки подвижен мост со должина од околу 50 метри.
На Лефкада можете да пронајдете безброј вредни глетки, цркви, манастири, идилична вегетација, тиркизни води, убави плажи и значајно наследство и гостопримливи локали.
21.Градскиот дел на Лефкада
Лефкада е главниот град кoj e лозиран на пристаништето на островот. Градот е изграден така што кога ќе се погледне од горе на сателит наликува на коска од риба. Постојат мали описни улички, мали коцкести плоштади, традиционални куќи и мали пешачки патеки.

Познати глетки кои ќе ги видете во градскиот дел на Лефкада се:
– Тврдината  Agia Mavra, позиционирана на влезот на самиот град. Конструирана била Giovanni Orsini во 1300.
– Bosketo Park, парк со бисти од сите познати лица од историјата на оваа грчка област
– Зоната за пешаците која се наоѓа покрај крајбрежјето и се наменета за дружење на помладата генерација
– Централниот плоштад е местото каде се наоѓаат сите поважни ресторани, кафулиња, цркви, а исто така тука е лоциран и главниот градски трговски центар на улицата Melas.
Kouzoumpei областа е област богата со вегетација, стари и високи дрвореди и традиционални кафетерии каде се служи свежо мелено кафе и традиционален пијалак наречен soumada кој се прави од миризливи
бадеми.
-Ветерниците во Gypa или мочуриштата во Megalos и Mikros.
veterВо градот исто така доколку сте љубители на историјата и посетување на уникатни места можете да го посетите и  Археолошкиот музеј кој потекнува од 4 век, Јавната библиотека каде постојат древни записи за Византиски икони, Charamogleios Eidiki Lefkadiaki библиотеката која е богата со ретки книги, мапи, гравирани икони и слики вклучена во книгата на Гинисови рекорди за најбогата колекција на уникатни антиквитети.

2. Активности кои можете да ги правите во Лефкада

– Пливање. доколку останувате во самиот град, тогаш можете да пливате на плажите на: Kastro, Gyra, Myloi, и Agios Ioannis Antzousis.
– Посета на водни пештери. Островчињата Kalamos и Kastos се дистанцирани на мала далечина од градот и се одлични места каде можат да се истражат големите и убави водни пештери.
– Велоспипедизам. Доколку сте љубители на велосипедизмот покрај одмарањето на плажи и пливањето, тогаш ви препорачуваме неколку дестинации за одлична авантура по следните рути за возење на велосипед: Agia Mavra – Gyra – Myloi – Ai Giannis – Lefkada.
– Пристаниште. Доколку обожавате да крстарите или пак да прошетате по самото пристаниште тогаш за вас е тука најдобро опременото пристаниште во цела Грција.

3. Спортови во кои можете да уживате во овој дел на Грција се:
– Параглајдерство, доколку не сте пробале слободно можете да го пробате на плажата  Myloi .
– Маунтанбајкинг – одличен спорт за луѓето со непомирлив дух. Ова место нуди повеќе места од каде можете да си изнајмите слободно маунтанбајк и да го возите по паднините и крос-рутите на ова градче.
– Едрење
plivanje

4. Места каде можете да се забавувате и да го поминете поголемиот дел од одморот се:

– Kariotes, мала населба со многу модерни туристички објекти која се протега на самите брегови на островот.
– Nikiana, мала населба со одличен изглед со поглед на планината Sakaros и големата корија на стари букови дрва.
– Nydri, најголемото туристичко одморалиште со интензивен ноќен живот и ултрамодерно пристаниште. Ова место се поврзува со Meganisi, Ithaca, Kefalonia и централна Грција каде може да отпатувате со фериброд. На ова место популарни се водните спортови, тука можете да пробате нуркање под вода, возење на маунтан бајк, едрење па и пливање на самите водопади во Dimosari ravine
– Poros, уште го нарекуваат и балконот на Лефкада, ви нуди одличен поглед на Arkoudi, Oxies, Ithaca, и Kefalonia (Кефалонските) острови. Тука можете да пливате во кристално чистите води на  Mikros Gialos.
– Vasiliki е друго одлично место со уште толку добар ноќен живот, чисти и вибрантни води. Оттука можете д земите брод до плажите Porto Katsiki , Agiofylli beach, Kefalonia и Ithaca. Заливот на ова место е одличен за сурферите на ветар затоа што има одлична клима.
– Светилникот на овој остров е одлично место за посета, место со карпи и одличен поглед.
– Агиос Никитас, Кариа и Егклоуви се исто такаодлични помирни места за посета.
4

5. Острови кои се наоѓаат во во близината на Лефкада се: Meganisi, Kalamos, Kastos и истите можат да се посетат по воден пат.

6. Еве кои плажи мора да ги посетите доколку одите на Лефкада:

nikiana

Nikiana

Nidri

Nidri

Оваа плажа се карактеризира со чиста вода, и песочно- каменасти плажи, оддалечена е од центарот на градот Лефкада  17 км.

Porto Katsiki

Porto Katsiki

Porto Katsiki  е една од најпопуларните плажи на островот и една од подобрите на Медитеранот. Таа е лоцирана 45 км од самиот центар на градот Лефкада, и поседува импресивен изглед и егзотична вода.

Egremi  beach

Egremi beach

Егреми e една од најимпресивните плажи кои ќе ги посетите. За да дојдете до неа мора да се искачувате скала по скала, но затоа пак ќе уживате во одличната песоклива плажа и вода со тиркизна боја.

Kathizma

Kathizma

Kathizma е лоцирана на 15 километри од самиот град Лефкада, има плажа со бел песок и тиркизна вода.

Agios Nikitas

Agios Nikitas

Agios Nikitas е оддалечена 13 км од градот, изобилува со одличен поглед и плажа која не е толку голема но ужива во убав амбиент на малото рибарско крајбрежје.

villa-ioli

Agios Ionnis

Аgios Ionnis е  најубавата плажа на крајбрежјето на Лефкада. Таа е оддалечена само 3 километри од центарот на градот, и е една од најпопуларните и најживите плажи во Грција.

Покрај овие плажи можете да ги посетите и многуте други на Lefkada од останатите можеме да ги издвоиме и другите одлични плажи како: PEFKOULIA, MYLOS, AGIOFILI, POSROS MIKROS GIALOS, VASILLIKI, KALAMITSI,TSOUKALADES, NIDRI,  DESINI, KAMINIA,  MEGALI PETRA ….изборот е голем…

Доколку се заљубивте исто толку колку и ние во Лефкада тогаш посетете ја!

Повеќе информации за летната понуда на најдобрата патничка агенција по најдобри услови во државата можете да пронајдете ТУКА!