Пасивна агресивност на работно место

од  |  0 коментари
Пасивно агресивните личности се склони да го одлагаат обврските кои ги имаат и да ги отежнат со работа, а секогаш изгледа дека се што работат, работат поспоро отколку што реално би можеле да работат. Парадоксално е што веруваат дека работата ја работат подобро од она што мислат другите и често остануваат вчудовидени од информациите кои ги добиваат од надредените.
Незадоволството од работата не го покажуваат отворено, но од нив може да се очекува фрустрацијата да ја покажат со намалената концентрација на состаноците, со игнорирање на другите, пролонгирање на роковите и слично. Обрнувањето внимание на ваквото однесување најчесто нема конструктивен ефект, тие не го признаваат своето однесување како деструктивно, се бранат со отпочнување на ”игри на збунет и изненаден учесник.”

На работа постојано се жалат, незадоволни се и фрустрирани поголемиот дел од времето. Повратните информации кои ги добиваат од надредените кои често се негативни ги чувствуваат како неправда. Одбиваат признавање на својот удел во конфликтите кои настануваат на работното место.

Овие лица се карактеризираат со одбранбен став во кој наизглед ги прифаќаат ставовите и задолженијата кои доаѓаат од надредените, а кои порано или подоцна ги следат коментари од типот “Јас тоа веќе го знам, јас тоа веќе сум го кажал, јас тоа веќе сум го испробал да го правам…’

Пасивната агресивност претставува индиректна агресија низ пасивност и саботажа што во основа е изразување на фундаментална агресивност на прикриен начин. Слично однесување се очекува кај децата и адолесцентите додека учат како да им се спротивстават на возрасните.
Меѓутоа кај возрасните овој тип на однесување се смета за незрел механизам на одбрана.

Извор: PsiholoskiSvet