Зрела или незрела љубов?

од  |  0 коментари

Кога помислуваме на зрела или незрела врска вообичаено помислуваме колку години имаат партнерите. Меѓутоа квалитетот на било кој однос зависи од психичките и емотивните особини кои партнерите ги внесуваат во врската или бракот.

Годините директно не се поврзани со зрелоста

Доколку партнерите се независни и самостојни ментално и емоционално тогаш значи дека во врската носат самодоверба и таа врска има можност да еволуира во стабилна зрела врска. Обично на почетокот секоја врска изгледа идеално, партнерите се држат за раце, уживаат во секој заеднички поминат момент, го идеализираат партнерот… Не е ни тајна дека на почетокот на секоја врска секој од нас ги носи розевите ‘’очила’’ и се му е идеално- во принцип овие очила на сите ни одговараат.
Но односите во љубовта се менуваат и еволуираат..

Како и во сите односи, првенствено треба многу да работиме на себе, затоа што секоја личност во една врска ги носи своите наследни особини, се она што добила од своите родители или не добила. Во врските внесуваме разни обрасци на однесување. Нормално дека внесуваме желби и очекувања а понекогаш и барања.

Прашање е дали личноста која е со нас може да го препознае тоа што го внесуваме во врската како позитивно нешто или пак ќе помисли дека сакаме да наметнеме нешто свое во врската, затоа  комуникацијата е клучен дел од секој однос затоа што никогаш не би имале телепатски моќи да откриеме што партнерот сака или не сака. Друг важен асспект покрај комуникацијата е и толеранцијата. Секој однос има потреба од толеранција, доколку таа не постои врската ќе премине во друга насока.

Како да одлучиме дали сме спремни за зрела врска ?

Самото поставување на вакво прашање покажува одреден степен на свесност и зрелост.
Незрелата љубов се препознава во речениците ‘’вистинската љубов боли!’’.
Тоа не е вистина- Никако! Љубовта е светлост и топлина и позитивна емоција.

‘’Не можам да живеам без него!’’
Колку само себичност и несигурност има во оваа фраза.
‘’Јас сум ништо без него! Јас не заслужувам љубов!’’

Секое живо суштество заслужува љубов, но факт е дека даваме онолку колку што имаме. Во претходно споменатите речници кои можеби сте ги чуле од некоја пријателка можеме да забележиме дека преовладува егото не самата личност.  Во секој однос па и оној емоционалниот се појавува потреба од голема работа на себе и на партнерската врска, многу напор и вложување а со тоа и време.
Зрелата љубов не е за лица кои не можат да се соочат со своето его.
Кога ќе се појават чувства на несигурност, а секогаш ќе се појават (не затоа што така сакаме туку затоа што тие се составен дел од растот на самиот однос) истите треба да се ”обработат”. Треба доста да се разговара околу истите и да се обидеме да ги погледнеме своите грешки и да се обидеме да ги поправиме, треба да сме спремни да ги прифатиме грешките кои и самите ги правиме и да не допуштаме истите да се повторуваат.

‘’Зачинување’’ на врската е неопходно

Во незрелите врски често се случува партнерите да викаат, плачат, да го повишувааат својот тон…очекувајќи со таквите постапки нешто ќе се промени- често со ваквиот однос не настануваат промени.


Во самата врска го внесуваме она што сме и она што мислиме дека сме. Во секој случај, елиминирањето на негативните чувства од нашето битие е природно затоа што овие чувства се поврзани со нашето битие.
Во незрелите врски, партнерите постојано пробуваат да го менуваат партнерот, често му наоѓаат забелешки и го критикуваат, без да гледаат и на своите недостатоци.


Ниту една личност која се наоѓа во зрела врска нема да се прашува: ‘’Мисли ли на мене? Дали и сум привлечен? До кога ќе останеме заедно?… ’’
Во зрелите односни поделби не постојат. Зрелите партнери се свесни за својата индивидуалност но секако очекуваат и дополнителна работа со цел постигнување на кохезивност во врската. Тие живеат во склад со своите интереси и партнерите често им ги збогатуваат перцепциите на животот.

Зрелата љубов говори: ‘’Мој избор е да живеам со тебе’’, наместо ‘’Без тебе не можам да живеам.’’
Во незрелите односи често се случува партнерите да се служат со закани, викање, повишување на тонот, плачење затоа што со тоа очекуваат дека ќе постигнат некакви промени во односот- верувајте дека нема.

Идеализирање на партнерот или односот

Идеализирањето на партнерот или самиот однос може да не одведе во погрешна насока. Во зрелата љубов не се ‘’влетува инцидентно’’ туку се влегува промислено.
Човекот мисли многу нешта.. Мисли дека господари над природата, па и во таа смисла мисли дека може да биде господар на друго суштество. Во реалноста тоа е невозможно.
Човек треба прво да умее да се запознае доволно добро себе си со цел да влезе во еден зрел однос.
Смислата на зрелите врски е задоволување на меѓусебните потреби како емотивни, телесни така и психолошки и ниту една од овие потреби не е помалку битна од другите. Со вложување во сите овие полиња односот расте и исполнува.

Длабока емоционална поврзаност

Многу психотерапевти ќе ви кажат дека во односите- бракот, врските , личностите имаат можност да излекуваат некоја емотивна повреда која ја донеле од своето детство свесно или несвесно – односно во една врска постои можност за ‘’рециклирање на емоциите’’.
Длабока емоционална поврзаност може да почувствуваат само оние кои работат на сопствениот личен развој. Таа слобода и тоа чувство на вредности и припадност ќе ја доживеат оние кои сфаќаат дека љубовта е и одговорност. Оние кои ја почитуваат сопствената различност и си даваат еден на друг поддршка во остварувањето на  посакуваните цели и кои свесно го градат својот однос. Свесната заедничка визија за односите може да предизвика постигнување на голема стабилност во една врска како емотивна така и телесна, духовна и психолошка.


Зрелата комуникација е истрајна и одлучна, таа не е наметлива и може да причека.
Нема љубов доколку нема трпеливост. Зрелата комуникација дава цел и правец на нештата во односот.


За да ја доживеете љубовта во целиот свој потенцијал ослободете се од ограничувањата и предрасудите, тоа најдобро може да го постигнете со здрава комуникација со партнерот. Комуникацијата секоја врска може да ја претвори во зрела врска која во секое време ќе биде спремна за надградба