Пет знаци кои велат дека време е да ја промените фризурата!

од  |  0 коментари

Сите дами прават промени со фризурата кога ќе им се случи некој настан, што направил пресврт во нивниот живот. Меѓутоа, обликот на косата не треба веднаш да го менувате. Оваа одлука треба да ја донесете рационално и во вистински момент.

Ова се некои знаци кои покажуваат дека е време нешто да направите со вашата коса:

Досадна фризура

Доволно е да се сетите кога последно сте експериментирале со фризурата. Ако не можете веднаш да се сетите, тогаш тоа е знак дека е време за промена.

Коса без волумен

Во денешниот урбан начин на живот, жените немаат време често да ја оживат својата коса или да нанесат маска која ќе ја нахрани. Баш тоа доведува до губење на волуменот на косата. Освен тоа, косата без потребната нега изгледа танка и оштетена. Ова е уште еден знак дека мора да направите нешто со вашата фризура.

Изгледате постаро

Одредени фризури но и бои на коса прават жените да изгледаат постаро отколку што навистина се. Во тој период, потребни ви се нова фризура и боја на коса. Што се однесува на фриурата посоветувајте се со моден фризер кој претходно ви го препорачале вашите добри пријателки. Фарбањето на косата е полесна задача, па доколку сте храбри, можете да ја обоите косата во различни нијанси темноцрвена, црвена, плава или било која нијанса што се сложува со вашиот карактер. Фарбаната коса не само што ви дава друг изглед, туку и на косата и го дава потребниот сјај.

Расцветани врвови

Расцветаните врвови се еден од сигналите дека на вашата коса неопходно и е стрижење. Најчесто се јавуваат кај коса која долго време не била потстрижена. доколку ги имате овие проблеми, посетете го вашиот фризер.

Не добивате комплименти за фризурата

Кога последен пат сте добиле пофалби за вашата коса? Доколку одамна не сте доживеале вакво нешто, време е да размислите за причините кои довеле до тоа. Кога ќе бидете сигурни во својата одлука, прашајте ги вашите пријатели или членовите од семејството за совет, пред да се одлучите за некој голем чекор.