Карнери и панделки, за вистински гламур !

од  |  0 коментари

Светските дизајнери веќе неколку сезони успешно ги рециклираат модните трендови од 60-те, 70-те и 80-те, а модните писти се преполни со големи панделки и карнери, кои буквално можат да се носат на било која облека и во било која комбинација. Секоја замисла на креаторите станува и масовен тренд во оној момент кога ќе го прифати некој од холивудските актери, а судејќи по комбинациите кои ги гледаме на црвениот тепих, карнери и панделки секако се носат.

Авангардно и шик – Доколку сакате да копирате стил на познатите актери, имајте на ум дека ефектот кои посакувате да постигнете е во исто време авангарден и чик. За вечер, добра комбинација е фустан со светулки и карнери кои се наоѓаат точно на колковите, давајќи и на фустанот футуристички дизајн. Меѓутоа доколку не ги сакате материјалите кој што имаат светулки одлучете се за еднобојна варијанта, а црно – бела класика е секогаш добра одлука. Во овој случај битно е да карнерите бидат драматични, а карнерите околу струкот, со шлиц кој што стигнува до бутот.

Боја и кројот – во зависност од тоа колку сте одлучни можете да се играте или со боите или со кроевите. Ако сакате да експериментирате со колоритот, можете да ги вклопите тренди нијанси на фукусија и портокалова, а потоа целата комбинација да ја смирите со црна свилена блуза чевли во сива боја. Романтичните дами можат да се поиграат со пудер розова боја и боја на фстак кој го освежува целокупниот изглед. На двата фустани карнерот е спуштен до струкот.

Само панделка – ако ја изберете панделката како детаљ кој што нај повеќе Ви се допаѓа, мора да следете неколку едноставни правила. Панделките треба да бидат големи, но не и премногу големи за да не Ве проголта детаљот кои ќе го носите во тој момент. Можете да носите класична панделка околу вратот, или на рамото за потполно елегантен стил. Сигурно е дека ваков детаљ ја одава дамата која е сигурна во себе и знае што сака.