Плетенките се повторно во мода!

од  |  0 коментари

Доколку мислевте дека трендот на романтични плетенки е веќе во минатото, сте се излажале затоа што тие пак се во мода.

Форма на фризура која е идеална за било која прилика, било да ја носите во неформална или посебна прилика пак благодарение на најпознатите дизајнери на денешницата се во тренд.

Фамозните плетенки кои секогаш сакавме да ги носиме кога бевме мали девојчиња, и кои ги носевме во различни варијанти, од класични, обични, преку рибина коска до плетенки од страна, со панделки, сега се префинети, опуштени и често неизбежен детал.

Плетенките се забавни, романтични и секогаш поинакви, било да ја направите да биде лежерна, класична плетенка сплетена од цела коса или од плетенка направете венец околу Вашата глава. Уште една од опциите е косата да ја кренете во реп па од истиот да направете пак плетенка. Важно е да се играте и плетенката да биде што е можно по лежерна.

Плетенките поред естетската страна имаат и она практична: совршен се спас во текот на горештините, но и кога фризурата ќе Ви се расипи, а при тоа се прават за неколку минути.