Рамни чевли

од  |  0 коментари

Чевлите ги сакаме исто колку и чантите. Зошто толку не привлекува излогот со чевлите? Дали само жените имаат доживотна претплата на ова опсесија или таа мани ги фаќа и мажите? Нив обично им е важна удобностa и квалитетот, а се останато е секундарно. Но само едни чевли можат да го покренат женскиот свет.

Не измислуваме ништо ново. Пепелашката веќе има кажано се што тука треба да се каже. Чевлите го променија незиниот свет а може и да го смени и нашиот. Не сме толку површни па да мислиме дека нешто битно ќе се смени доколку имаме убави чевли само поради естетиката, туку е работата да се чувствувате добро и да имате добар став и тоа е она што го менува Вашиот свет. Вие одлучувате како ќе изгледа Вашиот живот.

Какви чевли се најчест избор на модерните млади жени денес? Времето во кое бевме домаќинки, кукли на мажот или некој за кој светот е опасно машко место е далеку  зад нас. Денешните урбани девојки и жени секогаш се во движење. Нашите соништа секогаш се движат па е потребно да се биде во движење како би можеле да ги фатиме. Стагнацијата убива.

Па затоа жените избираат она што е во исто време убаво и практично. Рамните чевли се апсолутно потребни. Секако дека секоја жена ги поседува високите потпетици, но практичноста преовладува. Цел ден сте во градот, Вашиот план на работа е преполн. Еднаш се живее и нема време за губење.

Сакаме да го добиеме најдоброто и затоа многу жени одбираат рамни чевли во кои без проблем ќе можат да потрчаат за такси или автобус, но воедно тие треба да бидат убави и привлечни. Ова лето можете да одберете помеѓу преубави рамни сандали со ремчиња, балетанки кои се секогаш апсолутно модерни. Бои и принтеви се модерни ова сезона и дозволете да Ве развеселат. Ви посакуваме убав и исполнет ден!