Подигнете го нивото на енергија со помош на вистинската боја на гардероба која што ќе ја носите денес

од  |  0 коментари

Доколку до сега не сте знаеле,со помош на бојата можете да го подигнете нивото на енергија во одредени денови, бидејќи  за секој ден во седмицата си има своја боја.Преку бојата се лечат и  различни дијагностицирани болести, за таа цел денес ве информираме околу боите и како да го направите правилниот избор на боја која што ќе ја носите денес утре..

Понеделник: црвена

Вторник: жолта

Среда: виолетова

Четврток: портокалова

Петок: зелена

Сабота: бела

Недела: плава

Жените во месечен циклус не би требало да носат црвена боја,но меѓутоа доколку се одлучите сепак да носите црвена боја, можете да го ублажите нејзиниот ефект доколку направете комбинација со зелената боја која смирува, во комбинација со жолтата која ќе поттикне седација. За ублажување на болките (било какви болки) користете виолетова или жолта боја.  За јога,медитација и филозофија одговара  виолетова боја или евентуално циклама кои се сметаат за примарни бои кога се работи  за опуштање.

images

Доколку се занимавате со хуманитарна работа или ораторство, ќе бидете  најопуштени во плава боја. Истражувачите се препорачува да облечат портокалова боја,лекарите зелена, а учителите виолетова боја. За оние кои што работат со деца најсоодветна е зелената боја која дава свежина и млад изглед. На важен состанок ќе ви биде од помош доколку носите нешто жолто на вас, а на разговор плава.Нормално се подразбира дека не треба секој ден да носите иста боја на облека или пак да одите на состанок облечени во жолта боја, доколку за тој состанок жолтата боја не е соодветна (примерна), но  она што можете да направите е да облечите жолта долна облека и сигурно ќе  ги добиете  позитивните вибрации кои што ви се потребни.

Бојата на долната облека ни дава додатна енергија. Ако претераме со одредени бои,може на нас да делуваат негативно (го смалуваат протокот на енергија), односно енергијата се концентрира на одредени места, и се формираат  т.н. енергетски блокади.