ПОДМОЛНА УБАВИНА – РЕБЕКА ЏЕЈМС

од  |  0 коментари

Дали тајните и стравот можат да не натераат да избегаме некаде далеку каде никој не би нè познавал и не би ја знаел нашата приказна? Ако сепак се одлучиме за тоа дали на тој начин ќе избегаме од самите себе и од нашата совест? Токму тоа и се случува на Кетерин Патерсон или како што е нејзиното вистинско име-Кејти Бојдел.

Таа сака да избега од своето мрачно минато во кое многу страдала заради убиството на својата помала сестра Рејчел, а за кое се смета самата таа виновна и верува дека тоа требаше да ѝ се случи неа, не како што таа вели на подобрата сестра. Oд тој ужасен настан таа заработи само една обична лузна на ногата. Кејти се преселува во друг град, се запишува во друго училиште и го менува своето име.

Но еден ден започнува да се дружи со Алис-најпопуларната и најубавата девојка во училиштето.Но која е всушност Алис, понекогаш се однесува толку чудно и ужива намерно да ги повредува сите околу себе? Иако сите ја советуваат Кетерин да се оддалечи од Алис сè, таа не ги слуша и секогаш наоѓа оправдувања за однесувањето на својата убава другарка. Но кога Алис ја трга својата маска Кетерин ќе ја открие најмрачната тајна која можела да ја замисли. Во романот се среќаваат уште неколку подеднакво важни ликови: Роби, Филипа, Мик…

Авторката паралелно претставува неколку периоди од животот на Кетерин: нејзиниот живот пред и после смртта на Рејчел и нејзиниот живот заедно со нејзината мала ќеркичка Сара. Но најнеобично е што во првите неколку страници од романот се запознаваме со омразата на Кетерин кон Алис после нејзината смрт и нејзиниот ужас дека понекогаш и се причинува дека ја препознава Алис во други луѓе.

Овој роман ќе ве држи во неизвесност сè до крајот и ќе морате да читате и да читате за да откриете зошто всушност убавината на Алис е подмолна, која е нејзината мрачна тајна и зошто Кетерин ќе ја замрази на таков начин. Ова дело е во исто време потресно и морничаво проткаено со психолошка неизвесност и открива дека всушност некои луѓе не се онакви какви што се претставуваат пред другите.

Мислев дека оваа книга нема да ми се допадне бидејќи не ме привлекуваат морничави приказни како што пишуваше на корицата но кога почнав да ја читам не можев да ја оставам сè додека не ја открив целата мистеријата и две вечери останав будна до долго во ноќта. Па искрено го препорачувам на сите оние кои се љубители на ваква литература.

Извор: Sakamknigi.mk