Дали Оскарот навистина ќе го добие најдобриот филм?

од  |  0 коментари

И овогодишното доделување на Оскар, кој е закажан за 2. март во Лос Анџелес, како и секое претходно, со себе носи дебати – дали навистина најдобриот филм на годината ќе биде награден, и ништо помалку важно – дали најдобрите филмови се воопшто номинирани?

На самиот почеток, дури и без некоја голема анализа на списокот на овогодинашните номинации, треба да се повтори – наградите Оскар, кои и покрај се и понатаму важи за едно од најзначајните филмски признанија, доделува Американската филмска академија. Затоа е сосема логично да се очекува да се во натпреварот за Оскар најдат Американските филмски, остварувања кои се занимаваат со теми поврзани за тамошното општество, кои се важни пред се за американската филмска историја.

Земајќи го сето тоа во предвид, британскиот филмски критичар Роби Колин за Дејли Телеграф основано се прашува дали се за Оскар номинирани навистина најдобрите филмови? Да бидеме прецизни, дури 289 филмски остварувања ги исполнија критериумите да бидат земени во предвид за потенцијални номинации. За конечните номинации одлучуваат околу 6.000 членови на Академијата, меѓу кои се и филмските уметници од целиот свет.

Како е тогаш возможно дека и ова доделување на Оскар, како и во претходните, ќе помини во знакот на неколку остварувања, меѓу кои се истакнуваат ῎Гравитација῎ на Алфонсо Куарон, ῎Американската измама῎ на Дејвид О Расел и ῎12 години на ропство῎ на Стив Меквин. Анализирајќи го списокот од 289 филмови кои ги задоволија критериумите на Академијата (критериумите се однесуваат на дистрибуцијата во САД, време на прикажување, состав на екипата …) Колин издвојува неколку европски филмови, кои без сомневање заслужија номинации во главни категории, ако не и самите Оскари.

„Сината е најтопла боја“ на Абделатиф Кешише, е еден од неколку странски филмови кои беа квалификувани за номинации, а тој филм може буквално да го избриши подот со било кое остварување кое е номинирано за најдобар филм на ова година„ – пишува Колин додавајќи дека француското остварување кое е наградено со Златна палма во Кан не е дури ни номинирано за Оскар за најдобар филм надвор од англиското говорно подрачје, затоа што датумите за дистрибуција во Франција не се вклопуваа во пропозициите.

Освен тоа, Колин ја издвојува и главнат актерка на Кешеш, Адел Ексаркопулос, која според неговото мислење дава убедливо подобра актерска изведба од сите номинирани актери. Слична е и со актерката Грета Гервиг, која блеска во ниско буџетниот филм ῎Франсес Ха῎кој го режирал американскиот редител Ноа Бомбах. Во натпреварот без проблем би можела да се најде и аргентинска-француска актерка Беренис Бежо, ѕвезда на новиот филм на Фархед ῎Минатото῎, па дури и дванаесет годишната Ваад Мохамед во филмот ῎Вадјда῎.

Последен спомнат филм исто така би можел да донеси номинации на редителката Хаифи Ал-Мансур, инако првата жена од Саудиска Арабија која го режирала долгометражниот филм. Во истата категорија според мислењето на Колин, можел без проблем да биде номиниран и Дерек Сијанфренс, и неговиот филм Куќата зад боровите (Place Beyond the Pines) бил прикажуван во американските кина на пролет минатата година. Интересно е дека ни миленикот на Академијата на Стивен Содерберг не добил номинација за ῎Несакани дејства῎ (Side Effects), забележува британскиот критичар.

Кога се во прашање номинираните актери за главната машка улога, Колин забележува дека членовите на Академијата очигледно не го забележаа маестралната рола на Тони Сервил во италијанската фалената драма ῎Голема убавина῎ (The Great Beaty) на Паол Сорентин, кој одлично е прифатен во САД, освојувајќи Златен глобус и номинацијата за Оскар во категоријата на филмовите надвор од англиското говорно подрачје.

Треба да се спомни и тоа дека Американската филмска академија до сега неколку пати ги земала во предвид филмовите кој што не се американски, но кои имаат дистрибуција во САД. Така пред две години апсолутниот победник беше францускиот филм „Актер“ (The Artist), црно-бело немо остварување, која му донесе Оскар за режија на Michel Hazanavicius, а награден е и главниот актер Жан Дижарден.

Многумина и понатаму го паметат скокањето на Роберто Бенини и неговиот филм ῎Животот е убав῎ (La vita e bella) кој бил номиниран во мнозина главни категории, и освоил дури три признанија, вклучувајќи и Оскар за главен актер. Аплауз има добиено актерката Марион Котлијар, кога стана прва француска актерка наградена за оскар за најдобра женска улога, иако во драмата ῎Животот е розов῎, биографскиот филм за Едит Пјаф, цела улога ја има изнесено на француски јазик.

Во што е тогаш трикот? Како што обично бива, доволно е да се прати трага која зад себе остава пари, главната движечка сила во холивудската машинерија. Колин наведува дека, без сомневање со план, сите главни кандидати во американските кина најдоа во периодот помеѓу октомври и декември, токму во време кога Академијата ги собира првите гласови, од 27. декември до 8. Јануари.

Освен тоа, секој филм бил проследен со голема промотивна кампања, во кои продуцентите вложуваат и до стотини милиони долари, како би биле што подобро промовирани, и на членовите на Академијата посредно ги наметнуваат нивните адути.

Кој филм ќе освои најголем број на оскари ќе дознаеме во ноќта помеѓу недела и понеделник. Ги повикуваме сите филмофили да по запознавањето со списокот на номинираните во коментарите на ова вест дадат свои предвидувања, а доколку мислете дека некој неправедно беше изоставен, задолжително препорачајте го тој филм.