Ослободете се од тие досадни ,,снегулки,, во вашата коса со помош на домашен шампон.

од  |  0 коментари

Првутот е еден од најголемите непријатели на убавиот изглед на косата. Малите бели лушпи кои наликуваат на снегулки се лесно видливи и создаваат непријатен и неестетски изглед, па предизвикуваат срам кај луѓето. Освен тоа, првутот е виновник и за појава на иритирачко чешање и раздразнување на кожата на скалпот.

Проценето е дека околу 60% од луѓето се соочиле со проблемот првут во одреден период од животот. Првутот може да се појави на било која возраст по завршувањето на пубертетот, но неретко се појавува и за време на пубертетот. Се смета дека мажите почесто страдаат од првут отколку жените.Причините за појава на првут се најразлични. Лупењето на кожата на скалпот може да биде предизвикано од агресивните производи за коса, од бактерии, габички, небалансирана исхрана, од хормоните, а не е исклучено првут да се појави и поради стрес.

408898-5124-50

Кога се борите против нешто толку досадно и упорно како првутот, потребно е да ги искористите сите оружја кои ви стојат на располагање. Некои од нив се кријат во вашата кујна, па нема причина зошто да не ги употребите. Ова е делотворен шампон кој што ќе ја зајакне вашата коса и ќе ја препороди подобро од скапите препарати. Воведете го вашата рутина за нега на косата и нема да зажалите!

Потребни состојќи:

  • Најмногу 500 мл. обичен шампон од коприва
  • 10 мл AD капки
  • 50 мл. масло од рицинус
  • 100 мл. пантенол раствор
  • 1 андол од 300 мг.
  • Шише каде што ќе можете да ја складирате добиената смеса (шампонот).

Подготовка: Таблетата андол се гмечи додека не се добие смеса во прав. Потоа се додаваат останатите состојќи и сите добро се промешуваат. Добиената смеса ставете ја во соодветно шише.Што се однесува до начинот на употреба, косата  ја миете  вообичаено – два до три пати во неделата. Првите резултати се видливи по неколку седмици.