Што во основа претставува стресот?  

од  |  0 коментари

Стресот претставува психичка и физиолошка реакција на личноста предизвикана од најразлични стимуланси и дразби.
Обично тоа се внатрешни (нашите мисли, емоции или телесни сензации (трнење на раката, чукање на срцето, главоболка..)), а надворешните можат да бидат предизвикани од најразлични проблеми поврзани со работата, односите со партнерот, егизистенцијални проблеми, конфликти, рокови, задачи итн.

Кога се опишува стресот клучен елемент претставува личното доживување дали стресорот (тригерот на стресот) е загрозувачки, односно оваа лична перспектива е од пресудно значење за влијанието на стресот. Ова со други зборови значи дека две личности со иста возраст, пол, образование, статус, и слично воспитување, и слични животни цели не мораат да имаат исти стресори, но ни исти реакции на  стресот. Секој стресот го доживува различно.

Стресот се дели на:

– дистрес –стрес против кој се бориме Доколку трае кратко доведува до појава на емоционално патење, а долготрајното делување со голем интензитет делува на тој начин што има штетни последици по физичкото и психолошкото здравје.

– еустрес- корисен стрес кој нас не мотивира и поттикнува да ги оствариме своите цели

Симптомите на стресот можат да бидат од најразлична природа: емоционални, бихејвиорални (во однесувањето), когнитивни (во мислењето), физиолошки (телесни реакции).

Емоционални симптоми на стрес се нездравите негаттивни емоции кои со себе носат психичко патење, мотивираат самопоразително однесување, го разобличуваат мислењето и имаат физиолошки акутни стресни реакции. Емоцијата е клучен симптом на стресот, затоа што без негативните емоции не постојат ни преостанатите симптоми на стресни реакции. Најпрво се појавува како реакција на стресот негативната емоција, па потоа и сите симптоми како пратечки симптоми на емоцијата. Најчесто овие емоционални симптоми се опишуваат како напнатост, раздразливост, чувство на беспомошност, несигурност и депресивност.

Симптомите на стресот кои се согледуваат во однесувањето на личноста се однесуваат на бројни самопоразувачки однесувања. Кај некои личности негативната емоција предизвикува бихејвиорални пореметувања како преголема употреба на алкохолни пијалоци (‘’пијам за да заборавам’’, ‘’пијам за да замижам пред проблемите во животот’’…), злоупотреба на психоактивни супстанци и лекови, пушење, прејадување, претерано спиење, одложување на задачите кои е корисно да се направат веднаш, несоница, губење на апетит, а доста чести се и самопоразувачките однесувања во социјалната сфера  како ицицирање на конфликти и агресија, вербална или физичка, социјална изолација и пасивно однесување.

Когнитивните симптоми на сресот се манифестираат као ментални блокади (празна глава), тешкотии во донесувањето на одлука, импулсивно донесување на одлуки (при појава на депресија на пример овие симптоми предизвикуваат итност проблемот да биде решен безразмислување околу можните подобри решенија), слаба концентрација, заборавање…

Физиолошките симптоми на стресот се манифестираат низ телесни симптоми. Најчесто овие телесни симптоми се препишуваат на други болести или појави (промена на време, паднат ми е шеќерот, храната ми предизвикува подоеност на стомакот и болки). Најчесто се манифестираат како вкочанетост на мускулите на вратот, главоболка, болки во грбот, зголемено потење, стегање на градите и силно биење на срцето, пореметување на варањето на храната, зголемен крвен притисок, летаргичност и константен умор..

Симптомите на стресот можат да вариарат и да бидат различни од ден во ден или пак да се менуваат драстчно во текот на самиот ден. Некогаш личноста е свесна само за еден, а некогаш е преплавена од бројни физиолошки симптоми и има изразени симптоми на психичко страдање. Обично овие симптоми личноста несоодветно ги толкува (нервоа= премногу испиено кафе, лошо време).
Болестите кои се предизвикани од стресот се предмет на психосоматската медицина, за некои од нив постојат докази дека поттикнуваат од стрес, а за други пак не постојат доволно докази дека се резултат на стресот. Најчесто поврзани болести со стресот се: кардиоваскуларни болеси, астма, дијабетис, псоријаза, главоболка, мигрена, депресија, проблеми со варењето.

Дистрес (штетен стрес) може да биде :

1. Акутен (трае неколку дена, се појавува поради низа на причини како конфликти, губиток на некое добро, неуспех во остварувањето на некоја битна цел, кратки рокови за завршување на некоја задача. Симптомите се интензивни, а ретко имаат последици по здравјето.)

2. Хроничен стрес (трае долго, со месеци или години и затоа тешко се препознава. Личноста има впечаток дека секогаш се чувствувала така и дека тоа е составен дел од неа (‘’Јас сум таква/таков’’).
Поводоите најчесто се поврзани со преголеми барања на работа, тешка болест или семејни проблеми. Симптомите имаат низок интензитет, а ако долго траат може да го нарушат здравјето и да доведат до некои психосоматски болести.

За успешно поставување на дијагноза за стресните реакции треба да се следат следните правила

– да почнете да размислувате за своите емоции
– да ги анализирате своите мисли, чувства и постапки
– да утврдите зошто така мислите, се чувствувате и се однесувате
Ивор: https://mojterapeut.net/sta-je-stres/