Продолжете го векот на траењето на шминката

од  |  0 коментари

 

Се има рок на траење, па и декоративна козметика. Сепак, можете да преземете некои чекори за да карминот или руменилото потраат подолго отколку што е вообичаено.

Кармин

Може да трае до две години, односно се дури нормално мириса и не ја смени текстурата. Така да, кога сте при крај со карминот, не го фрлајте. Извадете го остатокот за покасно, чувајте го во празната кутија во која некогаш беше сенка за очи. Остатоците извадите со помош на чепкалката. Ако сакате да бидете креативни, можете да измешате различни нијанси на кармини и да создадете сосема нова нијанса.

Сјај за усни

Функционира на ист начин како и кармин, па и толку може да трае. Не постои начин да го искористите до последна капка но можете да направите нешто друго: да направете Ваша боја на сјај, така што во празна туба или кутивче од сјај ќе додадете малку вазелин и остаток од омилениот кармин кои го чувате во кутивчето за сенка.

Пудра

Камената пудра не трае подолго од година дена. Обично пред крај содржината почнува да се распаѓа, така да не е можно да го носите во торбата. Но, остатоците можете да ги сочувате и користете дома.

Коректор за подочници

Може да трае околу осум месеци. Доколку користете коректор во стик, кој е како кармин, можете да ги изгребете остатоците и да ги ставите во мала пластична кутија. Во исто време, коректор во туба тешко може да се искористи до крај.

Руменило

Трае околу година дена. Доколку имате омилено руменило кое го користете секојдневно, испробајте го истиот трик како со пудрата, но доколку користете руменило во крем, тогаш со стапчиња за уши изгребете ги остатоците кои се наоѓаат во краевите на теглата и користете го се додека не се истроши.

Маскара

Би требало да ја менувате на секои шест месеци, затоа што ја нанесуваме блиску до очите.