Пролетни фустани во ретро стил

од  |  0 коментари

Модели со поткренат струк воглавно се од лесни материјали. Иако не ја пратат линијата на телото, многу се женствени и ја истакнуваат линијата. Одличен се избор за прошетка, работа или вечерно излегување.

Фустаните секогаш посебно ги инспирираат дизајнерите, а поради боите и разиграните кроеви најубави се во пролетните колекции. Со оглед на тоа дека излозите на бутиците се преполни со различни модели, не е тешко да пронајдете некој по Ваша мерка.

Модните креатори и ова сезона мислеле на сите дами и се потрудиле да прикажат многу кроеви. Сепак голем дел од нив биле инспирирани од ретро стил, па во многу линии се појавија фустани кои наликуваат на оние од педесеттите, шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век.

Со ваквите фустани можете да ги комбинирате со балетанките, мокасините или со високите потпетици.

Оваа пролет незаобиколни се фустаните со впечатлив дезен и принт, како што се цвеќиња, риги, геометриски или апстрактни мотиви. За работа се идеални равно скроени фустани, благо сечени под градите, кои можете да носите и со винтјага, сако или мантил. Тука се и тесните модели кои ја истакнуваат Вашата силуета, како и оние со петлици и свиткани ракави.